Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа води битка со огнени јазици, силните ветрови и високи температури го отежнуваат гасењето

0
By Marija Todorovska on August 13, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 13, 2025 10:11

Еден војник загина, а друг беше повреден кога цистерна за вода се преврте во близина на Куча, Црна Гора. Двајцата беа вклучени во гаснењето пожари во регионот. Голем број пожари се уште се активни во Црна Гора. Шумските пожари ги зафатија и другите земји во Европа, среде уште еден топлотен бран.

Во областа Пипери, црногорските пожарникари ја поминаа целата ноќ гасејќи шумски пожари кои се ширеа со неверојатна брзина.

Ветерот беше силен, пожарот се ширеше со неверојатна брзина. Понекогаш не знаевме што се случува, густ чад и оган. Некои едвај се спасија живи, вели Раде Вуковиќ, жител на Пипери.

Материјалната штета е голема, но опасноста не е помината ниту за Пипери, каде што се појавија нови пожари, ниту за другите делови на Црна Гора. Помош за гаснење на пожарите во близина на Подгорица, Бар, Будва, Бијело Поље, Никшиќ, Шавник пристигна од Србија, Хрватска и Италија.

Климата е поволна за избувнување и ширење на пожари.

Причината за сите овие пожари е температурата над 40, односно 42 степени Целзиусови и силните ветрови. Во овој случај, не можеме да кажеме дека сè е човечки фактор, бидејќи имавме ситуација каде што видовме куќи со покриви како почнуваат да горат, а немаме пожар во близина, вели Миодраг Бешовиќ, генерален директор на Дирекцијата за заштита и спасување на Црна Гора.

Грчките пожарникари утрово продолжуваат со гаснењето на пожарите во Ахаија, во околината на градот Патра во северозападен Пелопонез, на островите Закинтос и Хиос, како и во близина на Превеза, што сè уште не се ставени под контрола, а според портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис повредени се 15 пожарникари,

Ватракојанис посочи дека денеска се очекува да биде многу тежок ден бидејќи се предвидува многу висок ризик од пожар за повеќето области на земјата.

Во текот на ноќта во неколку области каде што се активни пожарите беа испратени пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на жителите што се во близина.

Пожарите предизвикаа голема материјална штета со изгорена површина и изгорени куќи и бизниси, а штетата дополнително ќе се проценува.

Во Турција веќе два дена се обидуваат да го стават пожарот под контрола. Неколку стотици жители се евакуирани од покраината Чанаккале на јужниот брег на Дарданелите по вода и копно. Дарданелите се привремено затворени. Десетици куќи изгореа.

Страшна несреќа. Никогаш порано не сме доживеале нешто вакво. Куќи, автомобили, сè изгоре. Нека ни е на помош Бог, рече Џенгиз Бати, жител на Чанаккале, чија куќа изгоре.

Во древното село Орелана, кое се наоѓа во Националниот парк Лас Медулас, веруваат дека нивното село е поштедено од Бога, бидејќи сè околу селото изгорело.

Пожар имаше и во Тре Кантос, околу дваесет километри северно од Мадрид. Пожарот беше предизвикан од удар на гром и се прошири од ветер од 70 километри на час.

Пожарот беснее и во близина на Тарифа, во близина на Гибралтар. Луѓето избегаа од плажата и градот со автомобили и пеш. 2.000 луѓе беа евакуирани од ова место.

Климатските промени секако се една од клучните причини. Кога ја загреваме нашата атмосфера, тоа значи дека таа може да одземе повеќе вода од вегетацијата, може повеќе да ја исуши вегетацијата, а тоа едноставно значи дека вегетацијата станува позапалива, вели Стефан Х. Дор, професор по наука за шумски пожари на Универзитетот Свонси.

Ваквите пожари стануваат и потешки за гаснење и, во комбинација со силни ветрови, се шират полесно. На пример, 200 хектари шума и полиња во округот Шарант изгореа за само 12 часа синоќа. Пожарникарите успеаја да го стават пожарот под контрола по целовечерна борба.

Грција Европа Мадрид пожар пожарникари топлотен бран Турција Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.