Author: Marija Todorovska
Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, ќе се одржи во американската воздухопловна база Елмендорф-Ричардсон во Алјаска, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на информирани извори.
Бразилија: Девет лица загинаа, а седум се повредени во силна експлозија што се случи во фабриката за експлозиви „Енаекс Бразил“, во градот Кватро Барас, во близина на градот Куритиба, во Бразил, потврди компанијата.
Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска регистрирана е прва жртва од пожарите, соопшти полицијата од Елбасан, додавајќи дека станува збор за 80-годишен маж кој го загубил животот во пожарот во село кај Грамш, што сам го предизвикал.
Ги поздравувам принципиелните ставови на Калина Малеска, на Зоран Иванов, на Ѕвездан Георгиевски, Никола Гелевски, на Искра Гешовска и на многу други луѓе кои станаа против тоа критичката мисла за се, а особено за големите имиња на македонската култура, да се смета за антимакедонизам, значи против сакрализацијата на некои имиња и статусот на недопирливост, со заложба за слобода на мислата. Се разбира ако и кога мисла има. Оти слободата за која и јас и тие се залагаме не е слобода без граници, слобода на безумието. За да може некој да каже “јас” во дебата од овој тип мора да има…
Албанскиот министерот за одбрана Пиро Венгу изјави дека денеска има 30 активни пожари низ целата земја, од нив пет се најкритични.
Украина гори, Газа гладува, а светот гледа настрана. Ова е размислување за тоа како пасивноста на демократиите, тишината на институциите и лажниот баланс и самозадоволството на интелектуалците повикуваат на уште повеќе суровост и војни. Сè додека сè не се урне.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради зголемениот број барања, шалтерот за издавање на „Уверение за државјанство“ во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) ќе работи во периодот од 08:00 до 19:00 часот, со цел да одговори на сите барања на граѓаните.
Додека светот денес го слави 12 август -Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во Северна Македонија сè уште живеат во реалност исполнета со системски предизвици, ограничени можности и несигурна иднина,се наведува во соопштение на ХЕРА, Асоцијација за здравствена едукација и истражувањe.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, врз основа на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година објави Јавни огласи за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, преку доделување на право на купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и енергетска класа од најмалку А+ и финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои припаѓаат на категоријата ранливи потрошувачи.
Црна Гора од синоќа се соочува со разорни шумски пожари на повеќе локации. Најкритична точка е помеѓу Буљарица и Чањ.
Пратеничка од Нов Зеланд беше исфрлена од салата за дебатирање на Парламентот денеска и ѝ беше забрането да влезе до крајот на неделата за време на говорот за признавање на палестинската држава.
Во соработка со режисерка Ана Јакимска и фотографот Александар Чокревски, ЈП „Лајка“ ја лансира кампањата „Дали си ти мојот дом?“, посветена на вдомување на долго задржаните кучиња кои со години чекаат свој човек.
