Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделување инвертер клими и финансиска поддршка за потрошена електирчна енергија на ранливи категории граѓани

0
By Marija Todorovska on August 12, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 12, 2025 12:22

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, врз основа на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година објави Јавни огласи за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, преку доделување на право на купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и енергетска класа од најмалку А+ и финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои припаѓаат на категоријата ранливи потрошувачи.

Категории на домаќинства кои можат да аплицираат за доделување на инвертер клима уред се оние чиј вкупен нето месечен доход во 2024 година не надминувал 25.000 денари за едночлено домаќинство, 31.000 денари за домаќинство со два члена, 37.000 денари за домаќинство со три члена и 43.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.

Можат да аплицираат и домаќинства во кои единствен приход е пензија, а вкупниот нето месечен доход во 2024 година не го надминал 15.700 денари за едночлено домаќинство, 19.800 денари за домаќинство со два члена и 23.700 денари за домаќинство со три и повеќе члена.

Категории на граѓани кои можат да аплицираат за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија се: со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, со потполно слепо лице и со потполно глуво лице

Од министерството наведуваат дека едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство и  правото на инвертер клима уред не може да го остварат домаќинства кои во изминатите 5 години користеле субвенција за набавка на клима уред или печка на пелети, како и оние кои имаат приклучок на систем за централно греење.

Потребна документација за доделување на инвертер клима уред е пополнетo барањe (обрасци 1 и 2), изјава заверена на нотар, фотокопија од лична карта на барателот, фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството – за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница и фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2025 година.

За доделување на  финансиска поддршка за потрошена електрична енергија потребно е пополнето барање (обрасци 1, 2, 3 и 4), изјава за веродостојност на податоците, заверена на нотар, фотокопија од решение за стекнато право на корисник на посебен додаток, фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2024 година, фотокопија од лична карта на барателот и  фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството – за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница.

Обрасците и изјавата се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот Јавни огласи. Документацијата се доставува по пошта или лично.

За доделување на инвертер клима уред  рокот за аплицирање е 60 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до 5 октомври 2025 година, а за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија – рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до крајот на август 2025 година.

документи клима министерство за енергетика рударство и минерални суровини Министерството за енергетика струја субвенции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.