Author: Marija Todorovska
За време на денешната Конференција на ОН во Њујорк неколку земји планираат формално да признаат палестинска држава, што се организира пред годишниот собир на светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации, јави ДПА.
Издавачката куќа „Ла вита феличе“ од Италија објави избор од поезијата на македонската поетеса Лидија Димковска во избор и препев на италијански јазик на Ема Стефановска. Уредник на изданието е италијанскиот поет и теоретичар Томазо Ди Дио, добитник на наградата „Стрега“ за поезија.
Нашите санкции нанесуваат штети и имаат видливо влијание врз јавните финансии и економскиот раст на Русија, па затоа Европската Унија мора колективно да ги зајакне овие мерки заедно со своите партнери, се додека не се постигне мир, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по повод предлогот на Еврокомисијата за нов пакет санкции кон Русија.
Прилепската полиција приведе 13 лица по масовна тепачка пред градската болница „Борка Талески“ во Прилеп. Физичката пресметка била меѓу две групи кои, за полицијата да ги смири, службено лице пукало во воздух. Инаку, на три лица им е укажана лекарска помош кои се здобиле со полесни телесни повреди од удари по главата.
Вкупните депозити во август бележат зголемување од 12,4 проценти на годишно ниво, а кредитите раст од 12,9 проценти.
Неодамнешните настани со упадот на руски дронови во воздушните простори на Романија и на Полска уште еднаш ја нагласија потребата Европската Унија да преземе мерки за да се заштити себеси, кои вклучуваат и создавање „ѕид од дронови“, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за одбрана Тома Рение.
Париз: Повеќе од една третина од работните места во јавниот сектор ширум светот би можеле да бидат во опасност поради развојот на вештачката интелигенција, според студија објавена денеска од консултантската фирма „Роланд Бергер“.
Скопскиот Основен кривичен суд го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на првоосомниченото лице поврзано со фирмата во чиј објект за електронски отпад во Трубарево во саботата избувна голем пожар. На другите тројца осомничени во случајот, судија на претходна постапка им одредил мерка куќен притвор.
Лебот нема да поскапи, рече денеска претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Горан Ѓорѓиевски.
Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ, универзитетскиот професор Горан Марковски, потпретседателката на Европската мрежа против сиромаштија Билјана Дуковска, секретарката на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Адела Асани и членот на Регулаторна комисија за домување Башким Алили, вчера учествуваа на панел дискусијата „Домот е основна потреба, а не привилегија – локални политики за младите“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје.
Центарот за јавно здравје Куманово (ЦЈЗ) соопшти дека вчера е пријавена епидемија на труење со храна кај шест лица кои присуствувале на семинар-обука на 11 септември во ресторан во Куманово.
Шеснаесет држави од Европа, меѓу кои и Северна Македонија, денеска во малтешкиот главен град Ла Валета го потпишаа Третиот дополнителен протокол кон Европската конвенција за меѓусебна помош во кривичната материја, соопшти Советот на Европа.