Author: Marija Todorovska
Пожарот што избувна во општината Прозор-Рама во Централна Босна и понатаму е активен, а во неговото гаснење утрово се вклучи и хеликоптер на вооружените сили на БиХ, јави телевизијата БХРТ.
Бројот на новинари кои загинале во Појасот Газа од почетокот на војната во 2023 година достигна 232, соопшти денеска Канцеларијата за медиуми на владата на Газа.
Најновите информации од Центарот за управување со кризи покажуваат дека до 13 часот на територија на државата активни се шест пожари, а четири се ставени под контрола.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска утрово до Собранието ја доставила својата оставка.
Европската комисија денеска отвори нови прекршочни постапки против неколку земји членки на ЕУ, меѓу кои и Бугарија, поради доцнење со усогласување со европското законодавство, јави БТА. Конкретно, против Бугарија се покренати три постапки – за прекршување на санкциите на ЕУ, за безбедност во транспортот и за промоција на обновливите извори на енергија.
Подгорица: Ситуацијата со пожарот на планината Ловќен во јужна Црна Гора се подобри по интервенцијата на пожарникарите од Цетиње и Котор, кои минатата ноќ останаа на терен, изјави началникот на Службата за заштита и спасување, Милош Чечановиќ.
Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ го донесоа изгласаа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред.
Брисел: Европската комисија соопшти дека активирала механизам за цивилна заштита на ЕУ по барање на кипарските власти, поради голем пожар што избувна во областа Лимасол.
Најмалку осум Палестинци се убиени од утрово во израелско бомбардирање на централна Газа, соопштија медицински извори од болницата Ал-Акса и болницата Ал-Авда.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата денеска беше усвоен во второ читање од Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.
Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двајца малолетни велосипедисти додека се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамкиите на европските младински олимписки игри, информираше денеска СВР Куманово.
И по една недела од усвојувањето на новиот предлог-закон за игрите на среќа и забавните игри, Владата сè уште не испраќа никакви сигнали дека планира да ги вклучи засегнатите страни во натамошниот процес, реагира Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).
