Author: Marija Todorovska

Неутралноста не е опција. Или ќе се приклучиме на европското семејство како рамноправна нација со признат јазик, култура и историја – или ќе останеме заглавени во внатрешнополитички кал, заложници на ретроградна партија која се плаши од промената затоа што не знае како да живее во модерна, европска држава

Read More

Едно лице е убиено, а едно повредено во нападот со украински беспилотни летала врз складиште за нафта во рускиот Краснодарски крај на 24 јули, при што експлозии и беспилотни летала се видени во градот Сочи, пишува Кијив Индипендент, пренесува ЦивилМедиа.

Read More

Општиот суд на ЕУ пресуди дека Европската комисија ги прекршила сопствените правила при именувањето на членовите на персоналот, што во Брисел се толкува како удар за претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и за шефот на нејзиниот Кабинет Бјорн Зајберт.

Read More

Овие обвинувања ја рефлектират сè подлабоката политичка конфронтација меѓу албанскиот политички блок во Северна Македонија, каде се гледа префрлување на вината за нарушувањето на евроатлантската ориентација на државата. ДУИ се позиционира како бранител на интеграциите, додека ВЛЕН се обидува да го разобличи тоа тврдење преку конкретни примери и обвинувања за недоследност.

Read More

Третиот натпреварувачки ден од EYOF Skopje 2025 беше обележан со почетокот на настаните во планински велосипедизам, кои се одржаа во Куманово. Во машка категорија, Ларс Пеирс од Белгија го освои златниот медал со време од 59:06 минути, додека во женска конкуренција, златото и припадна на Швајцарката Јаел Клаузер, која заврши со време од 55:56 минути.

Read More

Никозија: Две лица го загубија животот, веројатно во обид да се спасат од огнените јазици, десетина се повредени, а стотици евакуирани од над десет населени места во големиот пожар што избувна вчера северно од градот Лимасол на Кипар и е проширен на површина од 100 квадратни километри.

Read More

Пратеникот на Левица Борис Крмов поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, до Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Read More

Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и во справувањето со пожарите, истекува денеска. Пријавените ќе бидат контактирани по што ќе треба да поминат дводневна обука во рамки на која ќе биде направена селекција.

Read More