Author: Marija Todorovska
Вториот натпреварувачки ден на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025 донесе нова доза спортски возбудувања и резултати, сјајни изданија на младите европски таленти. Финалните трки во атлетика, велосипедизам, стрелаштво и џудо ја зацврстија атмосферата на фестивалот како вистински празник на младинскиот спорт.
Пожарот што избувна попладнево пред 14 часот во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, е изгаснат.
Во рамки на денешната 62. пленарна седница пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година. За владејачкото мнозинство Буџетот е флексибилен инструмент и се приспособува на реалните економски движења и на приоритетите, додека за опозицијата тој е нереален и нема да го поддржи.
Во рамки на предметот „Синдром“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица, осомничени за серија кривични дела поврзани со незаконско посредување за добивање права на туѓа нега и инвалидска пензија по цена од 150 до 5000 евра. Обвинетите, меѓу кои има лекари, адвокат и службени лица, делувале преку две организирани криминални групи, злоупотребувајќи ја својата службена положба за лична корист.
Голем пожар избувна денеска во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во центарот на Кочани. Припадниците на Територијалната против – пожарна служба се на местото на настанот со неколку возила и се обидуваат да го изгаснат огнот.
Извртувајќи го целиот дискурс до површниот, но опасен заклучок: дека Македонците имаат примарно право на одлучување за сериозни, политички теми за државата, а “останатите” етнички заедници, може да се грижат за сопствените етнички или локални теми.
Кристина Костова: Граѓаните од месец во месец се посиромашни – трошоците за живот растат, а платите стагнираат.
Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, институциите и стопанството, и се во согласност со макроекономските движења и реализацијата во првата половина на годината. Овие измени не го менуваат суштински нашиот пристап, туку го подобруваат, оптимизираат и прилагодуваат Буџетот кон приоритетите – сервисирање на клучните обврски, подобра распределба на расходите и поефикасно користење на расположливите извори на финансирање, истакна денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска образложувајќи го дополнетиот предлог на измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара итно повлекување на законот за полиција, предложен од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што соопшти денеска на прес конференција пратеникот на СДСМ Миле Талевски, овој предлог закон сметаат дека е опасен и антиевропски.
Во Беровско гори планината Готен, сите сили од земја и воздух се ангажирани во справување со огнената стихија, вели Димитар Гошевски командир на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) – Берово. Тој посочи дека зафатена е поголема површина, а во моментов тешко пристапниот терен и ветерот им прават дополнителни проблеми при гаснењето на пожарот.
