Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За власта ребалансот на Буџетот е флексибилен, за опозицијата фискално нереален

0
By Marija Todorovska on July 22, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 22, 2025 15:28

Во рамки на денешната 62. пленарна седница пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година. За владејачкото мнозинство Буџетот е флексибилен инструмент и се приспособува на реалните економски движења и на приоритетите, додека за опозицијата тој е нереален и нема да го поддржи.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски истакна дека Буџетот е флексибилен инструмент што се приспособува на реалните економски движења и на приоритетите на нашето општество, а воедно потенцираше дека има зголемување на приходите, стабилен дефицит и стабилна фискална политика.

Станува збор за една важна политичка порака, а тоа е дека имаме капацитет за одговорно и визионерско управување со јавните финансии, со јасна стратегија и со фокус кон потребите на граѓаните. Овој пат не ребалансираме затоа што сме принудени, туку затоа што имаме услови и простор да ги пренасочиме средствата таму каде што ќе создадат најголема вредност, ова е ребаланс на стабилност, ребаланс кој ја покажува зрелоста на нашата економска политика и јасната определба за долгорочна фискална и финансиска одржливост, рече Стојаноски.

Како што кажа приходите растат, трошењето е насочено кон приоритети, а граѓаните се во центарот на фискалната и финансиската политика.

 Приходите се зголемени за 8,6% споредено со истиот период претходната година, расходите се зголемени за 5,1% а дефицитот станува стабилен и контролиран до 4% од БДП, овие индикатори не се само бројки, тие ја отсликуваат состојбата на економијата и на јавните финансии, тие сведочат на тоа дека остануваме на патот на стабилна фискална политика, рече Стојаноски.

Тој истакна дека со зголемувањето на платите се вложува во човечки капитал, со зголемувањето на  пензиите се вложува во достоинството на постарите генерации, а со капиталните инвестиции се вложува  во темелите на економскиот раст.

Со овој ребаланс предвидени се 800 милиони денари повеќе за покачување на платите, предвидени се 2,5 милијарди денари повеќе за покачување на пензии, вклучени се нови 300 милиони денари за реализација на капитални проекти, што значи дека инвестициите се зајакнуваат, заклучи Стојаноски.

Пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ, за ребалансот на Буџетот за 2025 рече дека е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компнента и сите три елементи може да се поткрепат со факти.

Кога се зборува за ребалансот на Буџетот, рече таа, не може да не се зборува за лошата економска ситуација во земјата.

Сведоци сме на галопирање на основните трошоци за живот. Синдикалната кошничка за јули е повисока за 630 денари во споредба со истиот период лани. На едно четворочлено семејство му требаат 65.000 денари да го истурка месецот, а 80.000 за оние што живеат под кирија, рече Лукаревска нагласувајќи дека не може да се занемарат податоците на ДЗС за растот на цените.

Обвини дека ова се случува поради тоа што нема интервенција првенствено во Министерството за економија и труд иигнорирање на Законот за нефер трговски практики.

 Ова владеачко мнозинство, замислете и своите мерки предложени од нивната програма, 12 мерки кои што ги преточивме како пратеничка група во закон, ги одби, односно тие ветувања од кампањата не важат, иако, пак ќе кажам, се во пресрет и за сметка на ребаланс на буџетот. Нашите амандмани кои што ги поднесувавме и за буџетот и за ребалансот е добро да потсетам дека се истите оние кои што беа поднесени од страна на ова владеачко мнозинство тогаш на опозиција. Значи, сами на себе си ги одбиваат амандманите кои што тогаш актуелно ги зборувале, рече Лукаревска.

Амар Мециновиќ од Левица зборуваше за трендот на иселување на младите и потребата овој тренд да се спречи и да се амортизира со мерки и буџет кој ќе одговара на потребите на младите и граѓаните. Мециновиќ рече дека „овие ребаланси се катализатори на иселувањето на нашите и не се разликуваат од претходните буџети“.

Овој ребаланс е како и претходните буџети, затоа што одговара на интересите на една тесна клика на економско политичката клика во Република Македонија, рече пратеникот на Левица.

Меѓу другото, тој кажа дека клучните ресурси и ресори на земјата се во раце на странски капитал.

Ребаланс на буџет Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.