Author: Marija Todorovska

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието да не го гласа предлог – Законот за установи за средно образование на верските заедници.  Законот е противуставен и правно неусогласен, задирајќи во секуларниот карактер на државата, реагираат од Мрежата.

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски и Шабан Џемил, претседавач на Казанџи Холдинг АС, денеска потпишаа Меморандум за разбирање, со што се отвора патот за реализација на стратешки енергетски проект вреден до 1 милијарда евра кој има за цел да ја зајакне енергетската независност и стабилност на државата.

Read More

Министерството за финансии изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената прва Грѓанска обврзница. На сметките на 1 448 граѓани, кои на аукцијата објавена во 2023 година запишаа граѓански обврзници се исплатени 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра).

Read More

Македонската ученичка Сара Стефановска го освои бронзениот медал на Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2025), која се одржа од 14 до 20 јули во Бон, Германија. Заедно со неа, Антонела Владева од Свети Николе доби олимписка пофалница, додека Елена Трифуноска од Тетово и Јагода Панова од Струмица имаа солидно претставување.

Read More

На 21 јули 2025 година, рускиот агресор изврши уште еден масивен воздушен напад врз цивилите и цивилните цели во Украина, со 426 беспилотни летала и 24 ракети во координиран ноќен напад. Нападите беа насочени кон повеќе градови, а Кијив, Харкив и Ивано-Франкивск се меѓу најтешко погодените, пренесува ЦивилМедиа.

Read More

Поради топлото време и согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од Министерството за здравство дадоа повеќе препораки за заштита на населението од високи температури, меѓу кои престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалаци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи.

Read More

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека следните мировни преговори меѓу Москва и Кијив се закажани за в среда, по двата претходни состанока што се одржаа во Истанбул без многу успех.

Read More

Под мотото „Секое куче заслужува дом, без разлика колку родендени прославило”, ЈП Лајка започнува нова емотивна и општествено важна кампања посветена на една од најзапоставените групи животни во прифатилиштата – кучињата сениори.

Read More

Зоран Иванов: Не знам што враќа власта на ДПМНЕ но гледам дека се изглупираа со пресот на кој самите тврдат дека имале некакви доверливи информации за некакви заговори. Самиот тој факт упатува дека во таa партија ментално ништо не се сменило. Доктрина на популизам и тоталитаризам. ВМРО-ДПМНЕ беше авторот на масовните прислушкувања, на влечење за уши на гласање, на исклучување лифтови, на изборни штабови по министерства дури и во МВР. Тоа е таа партиска матрица која се темели на злоупотреби на државни ресурси за партиски цели. Извор: Локално.мк

Read More

Очигледно, на Мицкоски му е доволно што има некаков став, за кој не знаеме дали е негов или му е нарачан. Од неговите јавни настапи не може ни да се насети дека има некаков план за клучни прашања, а за стратегија и да не говориме.

Read More