Author: Marija Todorovska
Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост и остро се спротивставува на предложените измени на Законот за полиција, веќе доставени до Собранието на Република Северна Македонија, со кои се предлага бришење на членот 96 – единствениот член што експлицитно го утврдува принципот на еднаквост и правична застапеност при вработување во полицијата.
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница даде позитивно мислење за Предлог одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, до 31 јануари 2026 година, за подрачјето на Општина Гази Баба во врска со обезбедувањето на Казнено поправниот дом Идризово.
Ниту денес, во 48-от обид, пратениците не успеаја да го конституираат Собранието на Косово, бидејќи ниту овојпат не беше формирана комисија за тајно гласање за претседател на Собранието.
Националната климатска проценка (НЦА) – примарната, рецензирана проценка за климатски промени што ја спроведува Американската влада на секои четири – пет години, нема да биде објавена на интернет-страната на НАСА. Ова е промена на политиката на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, откако Белата куќа објави дека документот ќе биде јавно достапен на интернет.
Поранешната потпретседателка на украинската влада, Јулија Свириденко, денеска е избрана за нова премиерка на Украина.
Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица обвинети за трговија со дрога се одложи за 7 август поради хоспитализација на обвинетиот Трајковски – Штекли.
Јована Тренчевска: Минималната плата од 24 илјади денари не е доволна за пристоен живот на едно семејство. ВМРО-ДПМНЕ не само што ги одби предлозите за зголемување на платите, туку и ја игнорира реалноста со која се соочуваат работниците. Тие постојано одбиваат да ги поддржат мерките кои би им помогнале на најзагрозените категории. СДСМ двапати поднесе законски предлог за зголемување на минималната плата, но истиот беше одбиен од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во време кога синдикатите и работниците повикуваат на зголемување на платите, а инфлацијата постојано расте, кога секојдневно цените во маркетите вртоглаво се зголемуваат, оваа влада демонстрира целосна незаинтересираност и социјална…
Со порастот на температурите, ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните да покажат грижа и одговорност кон милениците, но и кон бездомните животни, кои особено страдаат за време на летните горештини.
Вашингтон: Бројот на деца со прекумерна тежина во Соединетите Американски Држави нагло порасна во последните години, а највисоки стапки се забележани кај адолесцентите и децата од афроамериканско потекло.
Дополнетиот ребаланс на Буџетот вчера бил усвоен на владина седница и со него се обезбедуваат дополнителни средства за Министерствата за транспорт, за социјална политика и за образование и наука.
Светиот архијерејски синод на Православната црква во Америка донесе одлука за признавање на каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и целосно евхаристиско општење со нејзините епископи, свештенство и верници.
