Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата, оди на усвојување во Собранието

0
By Marija Todorovska on July 17, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 17, 2025 11:07

Дополнетиот ребаланс на Буџетот вчера бил усвоен на владина седница и со него се обезбедуваат дополнителни средства за Министерствата за транспорт, за социјална политика и за образование и наука.

Како што соопшти денеска Министерството за финансии, станува збор за шест милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и пет милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Буџетот на Министерството за образование и наука.

Со дополнетиот предлог усвоен од страна на Владата се обезбедени средства кај одделни буџетски корисници со цел редовно сервисирање на обврските, односно со прераспределби се изврши зголемување на средствата кај одредени буџетски корисници, со истовремено намалување на средствата од одредени буџетски корисници, со цел усогласување на расходите со досегашната реализација и очекувањата до крајот на годината. Дополнителни измени се однесуваат и на дообезбедување на средства за плати, како и за сервисирање на обврски. Измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година ги следат основните приоритети на фискалната политика кои се во насока на продолжување на фискалната консолидација, обезбедување макроекономска стабилност и поттикнување на развојот, при што нема промена во проекцијата на нивото на буџетскиот дефицит, велат од Министерството за финансии.

Дополнетиот ребаланс на Буџетот ќе биде испратен во Собранието на конечно усвојување откако претходно го помина собранискиот филтер и амандманската расправа.

Вкупните приходи со ребалансот се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари или за околу еден процент повеќе во однос на Буџетот, односно за околу 3,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 403,7 милијарди денари и бележат раст од околу 1 процент, односно за околу 3,5 милијарди денари. Стапката на раст останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на 2,8 проценти, а стапката на невработеност е планирана на 11,1 проценти

 Со предложениот Ребаланс се врши реалокација на средства помеѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за непречена исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти. Исто така, се обезбедени дополнителни средства за исплата на зголемени пензии и транзициски трошоци и како и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи, посочуваат од Министерството за финансии.

Капиталните расходи се планирани во висина од 47,4 милијарди денари и тие, како што велат од МФ, се во насока на додавање средства за динамизирање на реализацијата на проектите кај коишто е веќе потврдена добра реализација, пред се во Министерството за одбрана.

Продолжува финансиската поддршка и соработка на Владата со општините, за кои претходно со донесената Прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници беа обезбедени дополнителни 584 милиони денари. Крајна цел на измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година е непречено извршување на Буџетот и оддржување на идентично ниво на буџетскиот дефицит планиран со иницијалниот Буџет, односно буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4% од БДП, стои во соопштението од МФ.

Влада Министерство за финансии рабаланс на буџет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

ВЕСТИ July 29, 2026

Северна Македонија и официјално останува заглавена на самото дно во Европа. Најновите податоци на Евростат…

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

July 26, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.