Author: Marija Todorovska
Со една задршка и дилема – дали ДУИ е задоволна и комотна во својата улога на “заштитник на Албанците” или има капацитет да биде политички “предводник” во европскиот наратив и ЕУ интеграциите, на сите граѓани на Северна Македонија, и особено на Македонците? Прашањето е хипотетичко и ќе биде третирано како хумористично, затоа што системот на “заробената држава” е поставен секој да има своја улога и таа да не се преиспитува.
Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепана пресуда и го врати случајот на повторно судење.
На фронтовската линија вчера во Украина, 15 јули, имаше 171 борбен судир меѓу украинските одбранбени сили и руските окупатори.
Летово носи, меѓу другото, и нови правила на популарните европски туристички дестинации. Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија, „пикник“ и друго, сѐ тоа со високи казни за прекршителите.
Венко Филипче: Ајде да видиме по кои предмети. Луѓето сакаат систем. Има ли систем во платите? Ајде да го тргнеме прашањето со Бугарија малку, затоа што луѓето живеат секојдневие. Има ли раст на платите? Ние ја зголемивме од 8 илјади денари, неколку пати се зголеми. Сега е 24.000 денари, минималната плата. Дали е доволно? Дали е законот бетон и не може да се смени? Не, треба да се менува согласно потребите на луѓето. Дали има инфлација поголема, не просечната и споредено со минатата година? Има. Дали трошоците за живот пораснаа? Да. 20% пораснаа. Инфлацијата е поголема од растот на БДП.…
Министерството за внатрешни работи распиша конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници.
До 08:00 часот утрово во земјава се евидентирани 21 пожар, од кои активни се два, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Премиерот на Украина, Денис Шмихал, објави дека поднел оставка од функцијата што ја извршувал повеќе од четири години. Одлуката доаѓа еден ден откако претседателот Володимир Зеленски го номинираше Шмихал за нов министер за одбрана, како дел од најавената реконструкција на владата.
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство и донесе одлука со која мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ., инволвиран во нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се заменува со мерка притвор.
Одбраната на еден од обвинетите членови на криминалната група Грчец за трговија со дрога најави жалба на првостепената пресуда.
Иницијативата SupportKocani успешно ја реализираше донацијата наменета за повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во Кабаре клуб „Пулс“ во Кочани со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје.
