Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски туристички дестинации воведуваат нови правила

0
By Marija Todorovska on July 16, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 16, 2025 10:46

Летово носи, меѓу другото, и нови правила на популарните европски туристички дестинации. Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија, „пикник“ и друго, сѐ тоа со високи казни за прекршителите.

Малото крајбрежно гратче Портофино на италијанската ривиера, познато по луксузните јахти и гламур, одлучи да забрани цела низа однесувања што до неодамна беа вообичаени кај туристите. Отсега, имено, на посетителите веќе нема да им биде дозволено да одат боси, ни само во костим за капење или пак, без кошула, ниту да седат на плоштадот во таква облека. Консумирањето алкохол на јавни места, исто така, е забрането, освен во ресторани, барови и посебни зони, пренесува „Дејли мејл“. Просењето, лежењето или седењето на плочници, ѕидови и во парковите, како и одржувањето излети на јавна површина, исто така, се забранети.

Правилата, потпишани од градоначалникот Матео Вијакава, важат преку целата летна сезона до 30 септември. Прекршителите ќе плаќаат казни во износ од 26 до 510 евра.

Целта на овие мерки, според Општината, е да се зачуваат „мирот и тишината“ во градот, којшто има само 400 жители, но прима до 100.000 туристи во шпицот на сезоната. Ова не е прв обид – минатата година, Портофино забрани запирање заради подолго набљудување на популарни места – за да спречи толпи и несоодветно однесување.

Сличен е случајот и во Албуфеира, позната дестинација за забави на југот од Португалија. Градскиот совет неодамна воведе Кодекс на однесување што вклучува строги забрани за јавна голотија, секс на отворено, прекумерна бучава, јавно уринирање и пиење алкохол на улиците. Мерките беа воведени по низа несакани настани, каков што е минатогодишното вирално видео на осум британски туристи кои танцуваат целосно голи во кафуле во средиштето на Албуфеира сред бел ден. Градоначалникот Хозе Карлос Роло изјави дека правилата имаат за цел „да поттикнува хармонија“ меѓу тамошното население и туристите и „да го поправи оштетениот имиџ“ на градот.

За најсериозните прекршоци – како што е целосно соблекување или сексуален чин на јавно место – казните се движат од 500 до 1.770 евра. За делумна голотија, мокрење на јавно место или оставање количка од супермаркет на несоодветно место, казните се движат од 300 до 1.500 евра.

Портофино и Албуфеира не се изолирани случаи. И други европски дестинации ги заоструваат своите правила: Говорејќи за Италија, Рим, на пр. го забрани капењето во фонтани; во Венеција, излетите на мостови и кај спомениците се строго забранети, а на островот Капри, на туристите не им е дозволено да носат „бучни“ сандали.

Со сѐ поголемиот број туристи, се зголемува притисок врз околните заедници, па и правилата на однесување на одмор ќе станат построги, а трошоците за нивно непочитување – поскапи.

албуфеира Европа казни летување портофино туристи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.