Author: Marija Todorovska

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска поднесе кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, како и против неколкумина вработени во оваа општина. Во пријавата се наведува дека во општина Чаир наводно се користела фалсификувана деловодна книга во која се евидентирале барањата за легализација на дивоградби.

Read More

Париз: Со голема воена парада на авенијата Шанзелизе во Париз, Франција денеска го одбележа националниот празник – Денот на падот на Бастиља. На парадата учествуваа околу 7.000 припадници на вооружените сили – и мажи и жени, како и 102 летала (авиони и хеликоптери), 200 коњи и бројна воена механизација, соопшти француското Министерство за вооружени сили.

Read More

Најважната порака што ја имам денеска за вас е можноста за проширувањето којашто е поголема сега отколку што била подолго време. Би сакале да ја видиме Северна Македонија како дел од следната група земји што ќе станат членка на ЕУ. Знаете што треба да се направи,  а ние сме тука да ви помогнеме и да ве поддржиме тоа да се случи, истакна данската амбасадорка за земјава со седиште во Белград, Перниле Деилер Кардел, претставувајќи ги приоритетите на данското претседателство пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. Претседателот на Комисијата за европски прашања Антонио Милошоски, пак, и одговори дека децениско повторување…

Read More

 Со одбивањето на двата амандмана од СДСМ за ребалансот на Буџетот на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните, оцени пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на прес-конференција по седницата на Комисијата која ја заврши амандманската расправа по ребалансот.

Read More

Претседавачот со Националниот совет за евроинтеграции Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираа приоритетите на данското претседателство со ЕУ, ги поздрави приоритетите на Данска во однос на проширувањето, коишто, посочи, се многу важни за денешниот геополитички контекст.

Read More

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска  ја заврши расправата по амандманите за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година и го проследи на натамошна постапка во Собранието. Во текот на денешната расправа се одлучуваше по комисиските амандмани, при што беше прифатен еден, за дополнителни средства за Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.

Read More

И додека ВЛЕН се обидува да наметне нова нарација за „ново темпо, без сенки“, граѓаните добро паметат кој кога го бранеше, а кој го оспоруваше проектот.

Read More

Граѓаните, пак, живеат во страв – страв од случаен напад, заталкан куршум од некоја свадбена прослава, од задоцнета интервенција, од тоа дека утре тие самите или некој нивен близок може да станат дел од статистиката, во соопштение на МВР или во рубриката Црна хроника во медиумите.

Read More

Повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, поради што можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Read More

Согласно новите измени на Законот за управување со конфискуван имот, од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени, а со кои располага Агенцијата за управување со одземен имот, информираше денеска директорката на Агенцијата Ирена Илиевска, на 17. сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Ефикасноста на институционалниот одговор во Република Северна Македонија на препораките на ЕУ за конфискација и управување со имот стекнат од криминал“, во организација на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК).

Read More

„Сакаме земјите-членки на НАТО праведно да го делат товарот на трошоците за одбрана“, изјави заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во интервју за ХРТ  на Форумот во Дубровник.

Read More