Author: Marija Todorovska
Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. Денес комотно и на очиглед на сите, на Европа можеме да и кажеме дека вистината излезе на виделина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција. Како што порача Мицкоски „ние сме на вистинската страна од историјата, а Бугарија видовме дека знае и да ја утне вистинската страна“. Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија, но не од сега, туку уште од 1990 година. Таа има јасна агенда и план, водена е…
Европскиот парламент денеска го усвои својот прв извештај за напредокот на Северна Македонија од 2022 година. Европратеникот од Зелените/ЕФА, Томас Вајц од Австрија, известувач на Европскиот парламент за извештајот изјави дека некои бугарски европратеници го искористија извештајот за сопствени цели. „Северна Македонија е лидер во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи. Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи јавно фрустрација и разочарување од ЕУ. Извештајот нагласува дека проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките критериуми и ја повикува Северна Македонија…
Здружението на новинарите на Македонија го осудува денешниот физички напад врз новинарската екипа на телевизијата АЛСАТ М, која известувала за големиот пожар на дивата депонија во Визбегово.
Да создадеме генерации што ќе одберат мир, разбирање, а не поделби и омраза. Геноцидот во Сребреница каде беа убиени 8.000 Бошњаци да не се повтори. Ова се дел од заклучоците од денешната комеморативна седница во Собрание за Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Во книжарницата ИЛИ-ИЛИ, утревечер (10 јули) со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Од личност до маска-за новата нормалност“, прва книга на Влатко Деловски која ќе биде пропратена со настап на „Второ колено“.
Европскиот суд за човекови права (European Court of Human Rights) денеска донесе две пресуди против Русија, во кои се наведува дека земјата го прекршила меѓународното право во Украина.
Анкара: Турски суд донесе одлука за блокирање на пристапот до вештачкиот интелектуален асистент „Грок“, развиен од компанијата xAI на Илон Маск, поради наводно навредливи коментари кон претседателот Реџеп Таип Ердоган.
– Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведен сопственикот на отпадот во Визбегово каде во тек е акција на гаснење на пожарот. Во пожарот е повредено и едно лице.
Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за нашата држава за 2023 и 2024 година.
Едно лице е повредено во пожарот што денеска избувна на дивата депонија во Визбегово. Во пожарот се зафатени хаварисани возила со плински боци поради што се слушаат детонации. Нема зафатено куќи.
Хјустон: Денешниот ден ќе биде малку пократок од вообичаеното, за нашата планета. Имено, се очекува Земјата денеска да ја заврши својата целосна ротација за приближно 1,3 милисекунди помалку од стандардните 86.400 секунди што чинат 24-часовен ден, според предвидувањата засновани на астрономски набљудувања.
Почна реконструкцијата, конзервацијата и уредувањето на просторот околу Кулата Пирго, над селото Мокриево на планината Беласица. Археолози од „Завод и музеј Струмица“ го почнаа и арехеолошкото доистражување на Кулата, која се спомнува во легендите и се памети во историјата како славно историско место особено во контекст на времето на Цар Самуил и битката на Беласица.
