Author: Marija Todorovska
Задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица, препорачува Комисијата за заразни болести.
Четворица муслимански ученици побарале да се воведат строги исламски правила во нивното средно училиште „Нордштат“ во Нојс, град во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот со личните документи и патните исправи. Во однос на комуникацијата со Грција, може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла, наведуваат од Кабинетот на претседателот на државата по денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека „претседателот на државата презеде обврска да се чуе со претседателката на Грција“.
Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) доставила документација до Владата и до Министерството за култура во врска со директорот на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски и сите тие документи се проследени до надлежните институции. Но, како што рече, истата треба да биде дополнета бидејќи едно е исплата на финансиски средства, а друго е кој ги користил и на каков начин.
Брисел ќе спроведе ревизија на системите за оружје што и ги дадоа земјите-членки на ЕУ на Украина од почетокот на руската инвазија поради сомневањата дека некои земји обезбедиле оружје помалку отколку што можеле да си дозволат, објави „Фајненшл тајмс“, кој се повикува на три информирани извори од ЕУ.
Девет лица загинаа, а 30 се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во турската провинција Мерсин.
По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Северна Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен“, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“, соопшти Министерството за надворешни работи.
Народната банка денеска соопшти дека во текот на минатата година од страна на експерти за брзо воочување на сомнителни примероци на пари обучени се над 200 вработени во деловните банки и во институциите во системот за справување со фалсификување пари.
„Ние сме први иницијатори да се формира Европскиот фронт кој што го донесовме како одлука и ги повикавме сите политички партии кој што сакаат да застанат зад него. Европскиот фрон е единство за една европска предвидлива иднина. Нема поголем предизвик да си ја зачуваме државата и само на тој начин ќе можеме да се исправиме и да одиме кон европскиот пат. Тоа е и суштината која што ја покажуваме како политичка партија заедно со коалицијата дека враќање назад ќе биде погубно за државатаНе смееме да дозволиме личните амбиции и личните хирови да бидат исправени во преден план,“ рече заменик претседателката…
Нападите на САД и Велика Британија во Јемен, извршени со поддршка на Холандија, Австралија, Канада и Бахреин, дојдоа како одговор на 26 напади на милицијата Хути, поддржана од Иран, врз бродови кои минуваат низ Црвеното Море – загрозувајќи ја главната трговска рута што ги поврзува Азија до Европа и САД. Хутите велат дека нападите ќе престанат само кога „израелската војна против луѓето во Газа ќе престане“.
Анкетите (на кои најчесто и се повикува ВМРО-ДПМНЕ) покажуваат дека секој четврт граѓанин се жали на корупција на локалната власт и е едновремено незадоволен од она што го добива како услуга.
Вежбата Steadfast Defender 2024 доаѓа и како дел од брзиот притисок на НАТО да се трансформира како одговор на светската безбедносна криза предизвикан од инвазијата Руската Федерација на Украина