Author: Marija Todorovska
Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, денеска го потпишаа Договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен.
Новиот француски премиер Габриел Атал денеска го одржа првиот состанок на Владата под мотото „работа, работа и само работа“, соопштија од Елисејската палата.
Со полагање цвеќе на местото на хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и во кампот „Бутмир“ во Сараево, денеска се одаде почит на единаесетте армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг, кои пред шеснаесет години трагично ги загубија своите животи, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата. – На спомен обележјето, во помен на загинатите припадници, венци положија делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, Командата за операции, воздухопловниот Винг, првата пешадиска бригада, членовите на семејствата на загинатите и претставници на општината Петровец. Почит на загинатите е одадена и пред спомен обележјето…
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на утрешниот ден ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје.
Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ денес го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија.
Се знае кои се јавните институции поврзани со критиките од ЕУ за наводни злоупотреби на европските пари, но, тие нема да бидат откриени додека не завршат предистражните постапки кои се во тек. По конечните одлуки, ќе им се намалат средства од редовните програми и ќе се бара лична одговорност од луѓето кои ги раководеле.
Партиите од парламентарното мнозинство во пресрет на парламентарните избори на 8 мај напорно работат на проширување на „Фронтот за Европа“. Одлуката на Централното собрание на третиот поголем коалициски партнер, Алијансата за Албанците, да се приклучи на фронтот ја чекаат и двете најголеми партии од парламентарното мнозинство, СДСМ и ДУИ.
Пишува: ДАВИД В. БЛАЈТ / Project Syndicate На 6 јануари 2021 година, во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп, губитникот на изборите во 2020 година, славно се обрати на собирот на следбеници кои потоа се приклучија на толпата што го нападна американскиот Капитол. Иако беше неповрзан и недоследен, говорот на Трамп сепак направи неколку работи јасни: левичарите заговарале да ги украдат изборите со измама, а толпите повикани во Вашингтон во негово име ќе треба да „останат силни“. Импликацијата беше дека можеби е неопходно насилство, затоа што @никогаш нема да ја вратите својата земјата со слабост“.
Масовниот убиец ултрадесничарот Андерс Брејвик, кој во 2011 година уби вкупно 77 луѓе во Осло и на островот Утоја во Норвешка, се уште е „многу опасен“ и треба да биде чуван во самица во затвор, изјави денеска претставникот на норвешкото Министерство за правда, Андреас Хјетланд, пред судот, во рамки на сослушувањето по повод тужбата што Брејвик ја поднесе против Норвешка, барајќи да му се укине изолацијата.
Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Народниот правобранител имаат најдобри резултати за интегритет, отчетност, одговорност и подготвеност за борба со корупцијата и се првите три столба со најмногу поени во националниот Систем за интегритет кој опфаќа 15 столба, во новиот извештај на Транспаренси интернешенл (ТИ) Македонија. Јавното обвинителство е најслабо оценет столб, а многу слаби резултати покажуваат и службите за спроведување на законите и судовите.
Серија земјотреси кои потекнуваат од епицентралното подрачје Преспа, од кои три се почувствувани од страна на граѓаните, регистрирааше во изминатото деноноќие Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Изборите за членови на Европскиот парламент во јуни ќе претставуваат соочување на оние кои се залагаат за Европа и нејзините принципи и на оние кои ги доведуваат во прашање основните права и вредностите на ЕУ, изјави шпанската вицепремиерка и министерка за труд и социјална економија Јоланда Диаз.