Author: Marija Todorovska

Економските перформанси на државата се подобрени. Сите параметри во Буџетот тоа го покажуваат. Оваа година ќе биде подобра од претходната, ќе продолжи растот на платите, на пензиите и на бројот вработени, а 2025-та очекувам да биде прва година кога земјава ќе има едноцифрена невработеност, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Read More

Реновирана операциона сала на Универзитетска клиника за ортопедски болести денеска е пуштена во употреба. Станува збор за целосно реновирање на првата операциона сала со помошни простории, соба за одмор и соба за премедикации на околу 150 квадратни метри.

Read More

Блокирањето на нашиот пат кон ЕУ е директна причина за неможност за постигнување европски стандард за владеење на правото, изјави денеска министерот за надорешни работи Бујар Османи, на новинарско прашање да ја искоментира вчерашната порака на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, дадена на средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети, дека посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава.

Read More

„Во изминатите седум години го свртевме правецот од изолација, од позиција на безнадежност во евроатланските интеграции денеска сме членка на НАТО и преговараме за членство во ЕУ. 2022 година беше пресвртна точка, за жал бевме доведени во една ситуација во која и покрај тоа што заслужено требаше да ги започнеме преговорите, од внатрешни причини на Европската Унија а потоа и прашањето коешто го отвори Бугарија бевме доведени во ситуација во јули 2022 година да го постигнеме оној компромисен француски или европски предлог којшто ни овозможи да ги почнеме преговорите за првпат по седумнаесет години“, изјави Бојан Маричиќ вицепремиер за европски…

Read More

„За сите државјани на Северна Македонија кои се санкционирани од Стејт департментот на САД, треба да има уставна забрана за учество во јавниот политички живот“, вели за „Фронтлајн“ – правникот и политички аналитичар Ќенан Алиу, говорејќи за иницијативата за усвојување на закон кој ќе им забрани на санкционираните од црните листи на САД, ЕУ и ОН да извршуваат јавни функции.

Read More

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) упати писмо до српската премиерка Ана Брнабиќ како реакција на случувањата на изборите во Србија на 17 минатиот месец и настаните во земјата по нив, во кое се бара спроведување транспарентна истрага за сите посочени изборни нерегуларности, како што и доликува на земја која преговара за членство во Европската Унија.

Read More

Јужноафриканската влада, наследник на режимот на апартхејдот, го покрена случајот против Израел, обвинувајќи  дека ги прекршил своите обврски од конвенцијата за геноцид во војната против Хамас во Газа, пренесува Си-Ен-Ен.

Read More

инистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Вашингтон, Соединетите Американски Држави, остварил средба со заменик помошник на Јавниот обвинител на САД, Брус Шварц, и извршен директор на ИЦИТАП, Грегори Дакот, во Одделот за правда на САД, соопштија денеска од МВР.

Read More