Author: Marija Todorovska
Студентите во блокада најавија за денеска од 7:00 до 10:00 часот нови блокади низ Белград.
Катастрофалните поплави во Тексас однесоа најмалку 82 животи, меѓу кои 28 деца, додека операциите за пребарување на исчезнати девојчиња од летен камп продолжуваат трети ден, а стравувањата од нови нагли поплави предизвикаа дополнителни евакуации.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека секоја земја што ја поддржува политиката на БРИКС, која е спротивна на интересите на САД, ќе се соочи со дополнителна царина од 10 проценти.
Во моментов има 12 пожари на отворено, од кои четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати, објави ЦУК.
Министерството за здравство соопшти дека по пожарот што синоќа зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, гори сува трева и пожарот се движи кон шума, соопшти Центарот за управување со кризи.
Хрватската социјалдемократска партија се огласи по концертот што го одржа Марко Перковиќ Томпсон на загрепскиот хиподром, наведувајќи дека сите биле сведоци на срам од целиот свет, пренесува klix.ba.
Европскиот оркестар на институтот „Фејмс“, составен од млади музичари од цела Европа, ќе одржи концерт на отворено вечер од 21 часот во Сули ан. Солист ќе биде виолинистот Емилио Перцан кој воедно е и диригент на концертот.
Милијардерот Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД наречена Американска партија, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс за потребата од нова политичка опција.
Бразилија: Во Рио де Жанеиро денеска и утре се одржува 17 Самит на БРИКС, на кој ќе учествуваат претседатели и премиер на земји-членки и на земји-партнетри.
Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а освежување се очекува од средината на следната седмица. Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во војната во Босна и Херцеговина, од 1992 до 1995 година, исчезнале 3.838 жени, според Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина. Од институтот, за РСЕ изјавија дека 59 жени исчезнале во геноцидот во Сребреница во јули 1995 година.
