Author: Marija Todorovska
Откупната цена на пченицата од 12 денари за килограм и покривање на сите трошоци за производителите е неприфатлива за Националната мрежа на земјоделци. Ѓорѓи Каракшев од Националната мрежа на земјоделци вели дека откупната цена е далеку пониска од производната цена, којашто е изготвена уште во 2023 која се движи околу 19 денари за килограм пченица. Тој бара државата да интервенира во исплатата на разликата помеѓу производната и откупната цена. Инаку, во полн ек е жетвата на лебното зрно, односно на пченицата во Овче Поле и штипскиот регион се очекува овогодинешната реколта на пченица да даде добар род и квалитетно зрно.…
Непостојана брзина на конекцијата, прекини/недостапност на услугата и проблеми со техничката опрема се најчесто наведени проблеми при користење на интернет, покажува најново испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации.
Дебар: Во текот на минатата година државјанство на Албанија добиле 56 македонски граѓани, што е 6,2 отсто од вкупниот број издадени државјанства.
Во молк и без официјално обраќање помина вчерашниот „Марш за ангелите“ во Кочани, што го организираше граѓанското здружение „16 март 2025 – Кочани“.
Бејрут: Еден човек загина, а шест се повредени во денешните израелски напади со дронови врз јужниот дел на Либан.
Осум пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава до 13 часот, од кои половината се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Париз: Жителите на Париз и туристите од деенска ќе можат да се капат во реката Сена, откако локалните власти ја укинаа забраната што беше во сила повеќе од еден век, објави ДПА.
Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 дронови лансирани од Русија од вечерта на 4 јули.
Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша контроверзниот закон за даноци и трошоци. Трамп стави потпис на законот на церемонија на отворено на 4 јули, американски национален празник по повод Денот на независноста.
Накратко: оригиналната верзија на текстот на извештајот, постигнат во преговорите на политичките групи, е реална. Ама одредени политичари не би биле политичари да не прават драма во врска со се што е поврзано со македонскиот народ, јазик и идентитет. Ирена Јовева Дали мислите дека стварно постојат „модерни“ јазици? Јазикот е живо суштество, знам, но за мене тоа „модерен“ јазик е на пример сленг, кој постојано се менува или се прилагодува на младите и понекогаш е тешко да се следи. Можеби само сум стара. Или „старомодна“, секако не „модерна“, нели? А што е со јазикот на еден народ? Еден јазик може…
Најмалку 24 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови што го зафатија Тексас, соопштија властите во оваа американска сојузна држава.
Шест лица се полесно повредени на аеродромот во Палма де Мајорка за време на евакуацијата на патнички авион на авиокомпанијата „Рајанер“ поради мал пожар, пренесува ДПА.
