Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска

0
By Marija Todorovska on July 6, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 6, 2025 08:16

Откупната цена на пченицата од 12 денари за килограм и покривање на сите трошоци за производителите е неприфатлива за Националната мрежа на земјоделци. Ѓорѓи Каракшев од Националната мрежа на земјоделци вели дека откупната цена  е далеку пониска од производната цена, којашто е  изготвена уште во 2023 која се движи околу 19 денари за килограм пченица. Тој бара државата да интервенира во исплатата на разликата помеѓу производната и откупната цена. Инаку, во полн ек е жетвата на лебното зрно, односно на пченицата во Овче Поле и штипскиот регион се очекува овогодинешната реколта на пченица да даде добар род и квалитетно зрно. Каракашев додава дека според првичните анализи во просек треба да се жнее околу 3.000 килограми на хектар.

Очекуваме да имаме околу 160.000 до 180.000 тони производство на пченица, а нашите потреби се многу поголеми, односно ќе немаме ни пола од она што ни е потребно и ќе мора да увезуваме, рече  Каракашев, од Националната мрежа на земјоделци.

Тој посочи дека при крај е жетвата и на јачмен, а земјоделците добиваат од 300 до 350 килограми по декар. Јачменот се откупува по 9,5 денари за килограм.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вчера  инфрмираше дека  е постигната откупна цена за пченицата. Килограм ќе се откупува по нето цена од 12 денари.

Сите оние кои во наредниот период ќе имат предавање на пченица од реколта 2024/2025 согласно кажаното принос и квалитет оваа година мелничарите ќе ја откупуваат пченицата од прва и втора категорија,во прва категорија, бидејќи како што потенцирав квалитетот е одличен. Откупната нето цена за пченицата ќе биде 12 денари, плус дополнителните трошоци кои следуваат, изјави Трипуновски.

Тој посочи дека тенденцијата на Министерството е да се стигне до нивото на производство кое ќе ги задоволи домашните потреби.

Во реколта 2024/2025 под житни култури се засеани 152.080 хектари, од кои 70.000 се со пченица. 

национална мрежа на змејоделци откупна цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.