Author: Marija Todorovska

 Tри автобуси и едно комбе на приватна фирма утрово изгореа во кочанската населба Оризари. Пожарот на плацот, каде што биле паркирани, е пријавен рано утринава во 2:30 часот, информираат од Секторот за внатрешни работи-Штип.

Read More

Вака како што е направен соодносот ние ќе мораме да купуваме вооружување и борбена опрема од надвор, бидејќи не произведуваме самите за да си купиме сами од себе. Тоа значи дека околу 200 милиони евра годишно ќе одвојуваме за купување вооружување заради опремување на армијата. Тоа на прв поглед изгледа убаво да имаме опремена армија, но за нас тоа е незначаен удел ви НАТО. Тоа што ме загрижува во овој аспект е од каде ќе скратиме во буџетот кој и така тешко со позајмици го полниме и второ, отвораме можност за дополнителни јавни набавки со големи суми. Трето прашање е…

Read More

Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со Европската Унија, преку отворање нови пазари, нови работни места, нови пријатества, отстранување на бариерите за трговија, подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, кој е можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.

Read More

Скопје: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Read More

Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ по препорака на Владата воведува забрана за непријавено движење во шумите на територијата со која управува установата. Посетителите имаат можност да се движат во НП „Шар Планина“ само со потврда која повратно ќе ја добијат при пополнување на електронската пријава.  Единствен исклучок од оваа забрана се лицата кои живеат или имаат имоти на Шар Планина.

Read More

Технолошкиот милијардер Илон Маск вчера објави серија објави на социјалните мрежи во кои го напаѓа законот за даноци и трошоци на американскиот претседател Доналд Трамп и им се заканува на политичарите кои гласаат за него со предизвик на прелиминарни избори финансиран од најбогатиот човек во светот.

Read More

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокади на клучните патишта во Белград и други делови од Србија, пренесува Н1.

Read More

Во трговија на мало во мај оваа година, во споредба со мај минатата година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемена за 5.1 проценти.

Read More

За време на 12-дневниот конфликт со Израел, во Иран загинаа 935 лица, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за правда, Асгар Џахангир,повикувајќи се на најновите форензички податоци, објавија денеска иранските државни медиуми.

Read More

Европската унија внимателно ја следи актуелната ситуација во Србија и ги осудува сите акти на омраза и насилство, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие.

Read More