Author: Marija Todorovska
Претстојното Европско фудбалско првенство во женска конкуренција во Швајцарија ќе постави нов рекорд според бројот на гледачи на стадионите, објави денеска УЕФА.
Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) заедно со локалните власти од утре до петок ќе бидат организатори на Балканскиот шампионат во одбојка на песок за одбојкари и одбојкарки до 22 години што ќе се одржи на градскиот плоштад во Тетово.
Утре започнува 7. издание на „Златна рамка“ со тридневна фестивалска програма. Ќе се одржи во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.
Блокада и протест против изградба на мали хидроцентрали на реката Дошница најавуваат група граѓани, активисти, еколошки организации, планинари и заштитници на природата.
Вчера, во Скопје, иницијативата Сите за Палестина, социјалниот центар „Дуња“ и Социјалистичка зора организираа протестен марш низ улиците на Скопје за да се спротивстават на глобалната милитаризација, капиталистичката репресија кон народот и геноцидот кој секојдневно се случува врз палестинскиот народ.
Собранието на Косово ни денеска не беше конституирано, бидејќи ниту во 37-от обид предлогот за формирање на изборна комисија за избор на претседател на парламентот не го доби потребниот број гласови.
Од многу земји стигнуваат поплаки кон Белград заради извозот на оружје од српските фабрики. Овој бизнис е особено привлечен за најпривилегираната класа во Србија која – на сметка на ниската цена на тамошниот работник и зголемениот ризик сo многу повреди и смртни случаи во производството – се збогатува на меѓународниот пазар, кој е дел од сите вооружени конфликти. Седењето на Вучиќ на многу столчиња е сè помалку можно.
Обвинителството ќе ја обжали ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, додека одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски, осудени на доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, најавија жалби за осудителната пресуда. Обвинителството смета дека постојат докази за вината на Ѓорчевски, а за адвокатите на дел од осудените пресудата е донесена без докази. Според обвинителката Жаклина Трајковска, изречените доживотни казни затвор за обвинетите се доказ дека правдата сепак излегува на површина. Изречените доживотни казни затвор за обвинетите се доказ дека ниту еден сторител не може да остане не откриен за сторување на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите на бугарските европратеници на вчерашниот состанок на АФЕТ на кој беше усвоен извештајот на Томас Вајц за напредокот на земјава, за поднесување амандмани, и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО, имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков.
Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“, ќе се отвори во петок во 20 часот во Центар Јадро Скопје, се состои од дела на четворица млади уметници, кои за првпат се претставуваат заедно во ваков формат. Џемилиана Абдулова, Бурџу Мусли, Марко Печеновиќ и Харис Муриќ, иако секој со своја специфична поетика, во оваа изложба ги поврзува смелото истражување и експериментирање со интеркултурните, идентитетските, родовите и интердисциплинарните слоеви на современото, постмодерно општество.
По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот Александар Ѓорчевски, неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ јавно ја критикуваше истрагата, велејќи дека институциите не одговориле на суштинските прашања поврзани со случајот, киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска.
Со почетокот на летната сезона, повторно се актуелизираат правилата за внес на храна и други производи при влез во Грција. Според важечките прописи, строго е забрането носење месо, млеко и производи што ги содржат. Дозволени се фабрички пакувани намирници без месо и млеко – до 10 кг по патник.
