Author: Zoran Ivanov
И покрај тоа што го смени името во 2019 година за да го реши спорот со Грција, Северна Македонија останува попречена на патот кон ЕУ поради историскиот и јазичниот спор со Бугарија, наведува бриселскиот портал „Политико“ во осврт пред денешното објавување на извештаите за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ.
Европската комисија бара уставни измени и вистинска политичка волја, предупредувајќи на застој во реформите, корупција и политизација на институциите.
Сплит: Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, го осуди инцидентот во Сплит каде што група млади мажи синоќа ја прекинаа програмата на Денот на српската култура во тој град и изрази очекување дека одговорните ќе бидат гонети што е можно поскоро.
Јасно е само дека Скопјани ќе почекаат на ветувањето на вмровскиот нов градоначалник. Извозена била и коалицијата, а не Скопјани. Еве и коалицискиот Мемов убаво им кажува дека Вреди го изиграл ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласале за Орце. Тоа било ептен голема грешка, дури и ЗНАМ платил огромна цена за поддршката на кандидатите на Вреди. Очекувале само почит за тоа, ама вели не ја добивале. И немало да им заборават! Жанета Ќосе Скопјани очигледно не научија од старите лекции, повторно наседнаа на предизборните манипулации, празни ветувања и слатки зборови што се слушаат само додека трае кампањата. И покрај тоа…
Украинската морнарица објави успешен напад врз елитна руска единица на специјалните сили стационирана на нафтената платформа Сиваш во Црното Море.
Ноќеска, украински беспилотни летала нападнаа голем број индустриски и енергетски објекти длабоко на руска територија, предизвикувајќи пожари во рафинерии и петрохемиски фабрики и предизвикувајќи масовни прекини на електричната енергија во неколку региони, соопштија руските власти. Нападите се случиле стотици километри од украинската граница, а цел биле клучни инфраструктурни објекти, пишува „Кијив пост“.
Никола Мемов: Вреди го изигра ВМРО ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце.
Канбера: Австралискиот министер за енергетика Крис Бовен најави дека следната година ќе биде активирана програмата за заштеда на енергија, со која на домаќинствата, дури и тие без соларни панели, ќе имаат најмалку три часа бесплатна соларна енергија.
Во Собранието денеска ќе се одржи Презентација на Извештајот за напредок на Република Северна Македонија од Европската комисија.
Со лишување на новите земји од одредени права на глас за одреден период, според порталот, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен има за цел да ги смири стравувањата дека новите проширувања би можеле дополнително да ја поткопаат способноста на блокот за носење одлуки.
Северна Македонија сè уште не ги усвоила потребните уставни измени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, наведени во Заклучоците на Советот од јули 2022 година, кои земјата се обврза да ги започне и постигне, се наведува во редовниот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија, објави Радио Слободна Европа.
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори што се одржа вчера.
