Author: Zoran Ivanov
Јане Алтипармак: Не сакам идентитетот да го заштити некој, закон, ЕУ, бог. Идентитетот не е патент да се заштити, така заштитен станува умртвен, стерилен. Идентитетот е повторување низ менување, цикличност без иста почетна точка. Идентитетот е диференцијација, дислокација, диференцијал. Идентитетот е ризоматско ширење без принципи, без бариери (дури и како заштита) идентитетот е ахроматско пенетрирање низ спектарот на битието како смисла. Извор: Фејсбук
Бројот на жртви од израелската воена офанзива во Појасот Газа достигна 66, при што 17 од нив, вклучувајќи деца, се убиени во напад во близина на медицински центар во Деир ал-Балах, соопшти Цивилната одбрана на палестинската енклава.
И сега по целото ова “му ја скрши кичмата на јавноста по долината на Вардар” сега треба да бидеме уште и благодарни што го извадија она “македонски јазик” и “македонски идентитет”!!!!??? Да умреме од радост и убавини !!! Која фатаморгана! Оти нели можеше да ни учукаат “модерен македонски јазик”!!!!!
Додека институциите тврдат дека ситуацијата е под контрола, сликите од теренот говорат поинаку. Граѓаните сами се организираат за да помогнат во гаснење и евакуација. Во меѓувреме, меѓународната поддршка е симболична, а европските институции се повеќе делуваат како неми набљудувачи.
Пожар од големи размери денеска ја зафати индустриската зона кај Визбегово при што целосно изгоре фабрика за сладолед. Од магацинот на фабриката се слушаа и експлозии. Покрај фабриката, во пожарот изгоре и едно комбе кое се наоѓало во близина.
Германија планира да купи американски противвоздушни ракетни системи „Патриот“ за Украина, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Загреб: Хрватската влада денеска до тамошниот законодавен дом го испрати предлогот за измени на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, со кои, меѓу другото, повторно се воведува задолжително основно воено оспособување.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска разговараа во Куала Лумпур за Украина и нормализацијата на функционирањето на дипломатските мисии, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Ријад: Саудиска Арабија егзекутираше двајца етиопски државјани за трговија со дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи во понеделник, со што вкупниот број на странци егзекутирани во кралството од почетокот на годината се искачи на најмалку 101, според АФП.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ.
Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот, полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода. Во присуство на дежурен тим на Јавна установа центар за социјални работи и адвокат, обавен е службен разговор, по што со потврда за предавање на лица истите се предадени на ЈУМЦСР.
Учесниците на конференцијата за економско закрепнување на Украина, што се одржува во Рим, ветија повеќе од 10 милијарди евра за помош на земјата разорена од војна, изјави денес италијанската премиерка Џорџа Мелони.
