Author: Zoran Ivanov
Андреј Петров: СДСМ како опозициска партија мора секогаш и секаде, безусловно да ги поддржи опозиционите кандидати, без калкулации и без исклучок. Ако некој има проблем со тоа има проблем со разбирање политика. Извор: X
Фотографијата на Маја Мојсова со Сотир Лукровски лидерот на СДСМ ја објасни со политичко неискуство.
Студентите упатија повик до сите граѓани на Србија да се приклучат на 1-ви ноември во Нови Сад, каде ќе се одржи голем комеморативен собир по повод годишнината од несреќата на железничката станица.
Рига: Летонскиот парламент вчера гласаше за повлекување од Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените.
Марија Нацева, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Неготино, со видео запис и текст се пофали дека почнала да реализира проекти иако се уште е само секретар на општината и уште е само кандидатка за градоначалник.
Енергетските објекти во руските области Орјол, Владимир и Јарослав беа нападнати во текот на ноќта на 31 октомври, според руските официјални лица и каналите на Телеграм, а пренесува Кијив Индипендент.
Технолошкиот гигант „Амазон“ отпушта 14.000 вработени, но извршниот директор Енди Џаси вели дека причината не е финансиската или дури ни вештачката интелигенција, туку „културата“ на компанијата.
Во експлозија на автомобил во регионот Кемерово во Русија загина рускиот полициски потполковник Венијамин Мажерин, член на единица поврзана со воени злосторства извршени во близина на Кијив во 2022 година.
Сенатот на САД во изгласа укинување на т.н. „реципроцитетни“ глобални царини воведени од претседателот Доналд Трамп, кои се однесуваат на повеќе од 100 земји.
Неколку часови пред средбата со Си, Трамп наводно му наредил на Пентагон да продолжи со нуклеарните тестирања. Иако оваа одлука може да се протолкува како одговор на тестот на нуклеарна ракета на рускиот претседател Владимир Путин на Арктикот на 28 октомври, предупредувањето на Трамп се прошири и надвор од Москва.
Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела на 2 ноември. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот.
