Author: Zoran Ivanov
Вооруженото крило на палестинското движење Хамас објави видео на кое се гледаат двајца израелски заложници во Појасот Газа, во кое тие тврдат дека наводно преживеале нов израелски напад.
Тирана: Случаите на семејно насилство во Албанија, според официјалната статистика, минатата година, бележат раст од околу 20 отсто споредено со претходната години, иако повеќе од сигурно е дека бројот е многу поголем, бидејќи дел од насилствата не се пријавуваат.
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија -СДСМ, денеска избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори.
Или: Операција „Спас на задникот, жртвување на вистината“.
Брисел: Осум лица се обвинети за корупција, перење пари и учество во криминална организација по истрагата за поткуп во Европскиот парламент, објави синоќа белгиски обвинител.
Каја Шукова: Анализата за која зборуваше градоначалникот на Крива Паланка за водата во Крива Река покажува ниво на цијанид поголемо за 14 пати, а тоа што го кажа директорката на инспекторатот за животна средина дека е 2 пати поголемо, не е точно. Директорката на инспекторатот излегува после 21 ден пред јавноста и уште се заканува со кривична пријава према градоначалникот кој, нормално е, да се грижи и да ја информира јавноста дека можеби има загадување од поголем обем, бара информации. Тие информации треба да му бидат обезбедени и на него и на јавноста. Инцидентот од рудникот Тораница е пријавен околу…
Кијив: Рускиот ракетен напад во кој денеска загинаа најмалку 14 лица во украинскиот град Криви Рог покажува дека Русија не сака прекин на огнот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
САД го прекинале договорот за сателитски услуги за емитување на „Радио Слободна Европа/Радио Слобода“ (РСЕ/РС)) на територијата на Русија и околниот регион, изјави синоќа Стивен Капус, извршен директор на радиото.
И утре, сабота, и задутре недела, граѓаните на Кочани не дозволуваат тамошната трагедија да се забошотува. Не сакат медиумите да стивнат, институциите да подзаспијат. Објавија наменска протестна маршрута: Парк – Суд – Полиција – Општина. Време: 15.59
Русија е трет најголем странски снабдувач на ѓубрива во САД, а нејзиниот вкупен извоз на ѓубрива се зголеми во текот на изминатата година.