Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп го замолкна Радио Слободна Европа за Русија, Украина, централна Азија и Источна Европа

0
By Zoran Ivanov on April 5, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 5, 2025 09:09

САД го прекинале договорот за сателитски услуги за емитување на „Радио Слободна Европа/Радио Слобода“ (РСЕ/РС)) на територијата на Русија и околниот регион, изјави синоќа Стивен Капус, извршен директор на радиото.

Блокадата е дел од наредбата на претседателот Доналд Трамп за затворање на Агенцијата за глобални медиуми на САД (УСАГМ), која го финансираше РСЕ.

-Денеска дојдовме на работа и видовме дека УСАГМ ги исклучила сателитските услуги за покривање на територијата на Русија, изјави Капус, јавија дел од западните медиуми.

Ова се однесува на 24-часовниот телевизиски канал  „Настојашче времја“ (Тековно време), што се емитува на руски во Русија, Украина, Централна Азија, Источна Европа и други региони. Според Капус, УСАГМ го известил медиумот дека сателитските договори за емитување на каналот во Европа се раскинати.

Капус истакна дека РСЕ/РС има и други начини как да допре до руската публика.

-Но… ова не беше акција на руската Влада. Ова е наредба од УСАГМ, изјави тој. Смета  дека администрацијата на Трамп „би сакала да нè затвори“.

Работата на РСЕ беше суспендирана на 15 март, откако беше прекинат федералниот грант за финансирање на изданието. Оваа одлука следеше по указот на претседателот на САД за ликвидација на агенцијата (под неа исто така е и „Гласот на Америка“) и уште шест други медиуми. Трамп побара „максимална ликвидација на неуставните компоненти и функции“ на овие организации и значително намалување на нивниот персонал. Неколку дена подоцна, РСЕ доби судска одлука за привремена забрана за прекин на грантот, додека Гласот на Америка засега не работи.

Кери Лејк, советничка на директорот на УСАГМ минатата недела соопшти дека одлуката за суспензија на финансирањето на RFE/RL е поништена.

 

Европа замолкнаа радио слободна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.