Author: Zoran Ivanov

Во недела, на 2. ноември, кога ќе се одржи вториот круг од локалните избори, нема да се гласа во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, затоа што на гласањето во првиот круг на 19 октомври не беше постигнат цензусот од најмалку една третина излезност. Во овие 4 општини ќе почне нова изборна постапка за избор на градоначалник во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025, согласно Изборниот законик.

Read More

Во текот на изминатата ноќ и утринава Русија масовно нападна енергетски објекти во Украина со беспилотни летала и ракети, а цел на напад беа Ивано-Франкивскиот, Хмелницкиот, Кијивско и Запорожскиот регион, изјави денеска украинската премиерка Јулија Свириденко.

Read More

Велингтон Делано Дикенс, 38, беше изведен пред суд во САД под обвинение за убиство на неговите четири деца откако се јавил кај властите на Северна Каролина за да го признае својот ужасен злостор. Дикенс беше уапсен во вторник наутро откако полицајците пристигнаа во неговиот дом по неговиот претходен телефонски повик, објави Еј-би-си њуз.

Read More

ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја врати Македонија во времето на страв, на уцени и притисоци, но граѓаните нема да потклекнат, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вечерашниот собир во Конче во поддршка на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Благој Илиев.

Read More

Професорот Масала потврдува дека ракетата „може да лета по различни траектории и може да се контролира до крај“, што го отежнува нејзиното пресретнување. „Но, тоа не е супероружје на кое не може да се спротивстави“, додава тој. „Ракетата патува побавно од брзината на звукот, што значи дека сè уште може да се открие и потенцијално да се собори“.

Read More

Париз: Уште пет апсења се извршени во врска со дрскиот грабеж на вреден накит во музејот Лувр во Париз, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко за радиодифузерот РТЛ, со што вкупниот број на приведени осомничени се зголеми на седум, пренесе ДПА.

Read More

Американскиот и кинескиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг разговараа повеќе од 90 минути на состанокот одржан денеска во Бусан, Јужна Кореја, по што Трамп рече дека „средбата со Си била неверојатна“ и дека се донесени многу одлуки, објавија американските медиуми.

Read More

Северна Македонија останува една од најизложените средини во Југоисточна Европа на невоено хибридно мешање. Иако нејзиното евроатлантско усогласување формално е обезбедено, нејзината институционалната кревкост, поларизираната политика и оспорениот идентитетски пејзаж продолжуваат да обезбедуваат плодна почва за операции на влијание. Кремљ и неговите регионални посредници ги искористуваат овие структурни празнини — не за да освојат територија, туку за да ја еродираат довербата во демократијата, западната интеграција и општествената кохезија одвнатре.

Read More

Министерството за финансии на САД ги укина санкциите за неколку лица од Република Српска, меѓу кои и за лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, неговото семејство и неговите фирми, како и за голем број негови соработници.

Read More