Author: Zoran Ivanov

Ројтерс разговараше со повеќе од дваесетина европски и американски политички советници и владини претставници за оваа приказна. Некои го опишаа џокејирањето на задни канали од страна на Американците и Европејците како расклопување на нивниот сојуз. Други раскажуваа како шокираните европски лидери прво се обидоа да го смират Трамп, а потоа јавно планираа како да ја поддржат Украина и да се одбранат без САД.

Read More

Засега едно лице загина, а најмалку се три повредени во голем напад со дронови врз Москва и тамошниот регион, изјавија властите. Регионалниот гувернер Андреј Воробјев кажа дека жртвите се од градовите Видноје и Домодедово близу Москва и дека се оштетени седум стана во една станбена зграда.

Read More

Повеќе од седум часа трае блокадата во Белград на влезовите на зградата на државната радио-телевизија РТС што ја почна синоќа од студентите во блокада  кои најавија дека ќе трае 22 часа. Вработените во Радио телевизија на Србија можат да си заминат, но ќе бидат спречени да влезат во зградата, најавија демонстрантите.

Read More

Украина ќе предложи воздушен и поморски прекин на огнот со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија оваа недела, изјави украински официјален претставник за АФП во понеделникот, додека претседателот Володимир Зеленски пристигна во Ријад, објавија повеќе светски медиуми.

Read More

Директорката за национално разузнавање на САД, Талси Габард, денеска изјави дека им ги укинала безбедносните сертификати на поранешниот американски државен секретар Ентони Блинкен и поранешниот советник за национална безбедност Џејк Саливен, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Read More