Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ги усвои Предлог- измените на Законот за медиуми

0
By Zoran Ivanov on March 11, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 11, 2025 17:35

Владата ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми со кои се очекува да се зајакне конкурентноста на медиумскиот простор и да се стават онлајн медиумите во законска рамка. 

Со оглед на фактот дека резултатите од последните истражувања покажуваат дека над 70 проценти од јавноста се информира на интернет, со што онлајн медиумите стануваат важен чинител во медиумскиот простор, се наметна потребата од нивно воведување во Законот за медиуми, што ќе придонесе и за поинтензивно поттикнување на саморегулацијата како битен сегмент за професионалното новинарско работење и зајакната конкурентност во медиумскиот простор, се наведува во владиното соопштение.

Минстерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вчера во телевизиско гостување соопшти дека овој закон како идеја потекнал од два аспекти.

Едниот е патоказот за владеење на правото и Поглавјето 23 кое утврдува дека мора да имаме поголема јасност и транспарентност во уредувањето на медиумите и препознавање заради гарантирање на конкурентност и гарантирање на квалитетот и професионализмот на медиумите, признавање и препознавање на онлајн медиумите. Вториот аспект е дека во разговори со Здружението на онлајн медиуми и останатите онлајн медиуми, тие истакнаа подготвеност да предложат и иницираат ваков тип измени што ќе значат нивно препознавање како медиум, работа што ја вршат долги години, а никогаш не беше препознаен нивниот ангажман како медиум, рече Андоновски во дебата во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски нагласи дека Агенцијата двапати дала забелешки коишто се внесени во Нацрт-измените.

Сега зборуваме за суштинските забелешки што ги дадовме. Сите се прифатени и претпоставувам дека во таа форма и ќе биде усвоен законот во Парламентот, рече Трајчевски.

Според извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија Драган Секуловски, овие Нацрт-измени во голема мера ги исполнуваат нивните очекувања. ЗНМ, како што истакна Секуловски, има две забелешки на содржината на Нацрт-измените и дополнувањата на Законот за медиуми. Првата забелешка, е во однос на минималниот услов да има три лица во редовен работен однос за да се влезе во регистарот на онлајн медиуми што ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услови. Според ЗНМ, со ова помалите онлајн медиуми ќе бидат доведени во подредена улога, особено оние што работат надвор од Скопје и имаат скромни примања за еден или двајца вработени. Предлогот на ЗНМ е да се направи исклучок, односно да се има разбирање за нив.

Предлог-измените треба да бидат испратени на усвојување во Собранието.

 

Влада заком измени медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.