Author: Zoran Ivanov
Украина сака мир „што е можно поскоро“, истакна денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерно видео обраќање пред средбата со американски претставници идната недела и поради критиките од Вашингтон дека не сака да преговара за мировен договор со Русија.
Студентите во Србија денеска започнаа генерален штрајк, поддржан од ректорската управа на Универзитетот во Белград, адвокатската комора, синдикати и поголем број иницијативи.
Аналитичарите предупредуваат дека силите на Украина би можеле да почнат да се распаѓаат пред рускиот притисок кој започнува за четири до шест месеци, освен ако европските сојузници брзо не се мобилизираат за да го надополнат недостатокот од оружјето што го обезбедуваат САД.
Тројца Бугари денеска се прогласени за виновни пред судот во Лондон за учество во руска шпионска група раководена од поранешниот менаџер на германската фирма за финансиски услуги „Вајркард“, Јан Марсалек, со цел да вршат надзор во полза на Кремљ на американска воена база и следење на поединци, кои биле цел на Москва.
Милијардерот Илон Маск, како шеф на Одделот за штедење, отпушта илјадници владини службеници во САД. Сега претседателот Доналд Трамп, реагирајќи на зголемените критики за курсот на Маск, го повикува да дејствува претпазливо. Велиме скалпел наместо секира, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“. Тој го пофали Одделот на Маск, ДОГЕ (Оддел за владина ефикасност) како „неверојатен успех. Кратењата се неопходни, но прецизноста е важна за да се задржат најдобрите и најпродуктивните вработени, порача Трамп. Ова е првпат Трамп јавно да постави ограничувања на технолошкиот мултимилијардер и неговиот владин Оддел за државна ефикасност кога станува збор за масовните намалувања на трошоците и персоналот…
Брисел: Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во понеделник ќе ја посети Босна и Херцеговина, соопшти прес-службата на Алијансата.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска имал многу добар разговор со рускиот претседател Владимир Путин за сите важни прашања од билатералната соработка, вклучувајќи го и постигнувањето договор за гас пред 31 мај и прашањето за американските санкции за НИС, како и дека е потврдена претстојната средба на 9. мај во Москва. Само што го завршив разговорот со претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин. Имавме добар, суштински и би се осмелил да кажам одличен разговор за сите важни билатерални прашања од нашата соработка, соопшти Вучиќ во видео изјава објавена на Инстаграм. Тој информира дека разговарале за политичката соработка „и…
Соединетите Држави ја прекинуваат сета федерална финансиска поддршка за Јужна Африка, објави американскиот претседател Доналд Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз Украина во текот на ноќта.
Доживотна робија не ме плаши, ниту влијае на мене, пресудата е донесена на прес – конференцијата на Гаврил Бубевски (раководител на скопското обвинителство) и Оливер Спасовски (поранешен министер за внатрешни работи), рече првообвинетиот за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Велешките фабрики за лажни вести кои ја преплавија американската претседателска кампања во 2016 година одамна згаснаа, но сè уште има „работилници“ кои ловат на приказни за ветерани или картички што „утре ќе вредат милиони“ – па во последниот „улов“ на лажни страници за американски патриоти, половина биле токму од овде.
Чаковец: Три деца на возраст од три, седум и девет години загинаа во пожар што синоќа ја зафати нивната семејна куќа во населбаа Куршанец, соопшти хрватската полиција. Според првичните информации, пожарот избувнал околу 22:30 часот во поткровјето на куќата.