Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп до Маск: Забави – скалпел наместо секира

0
By Zoran Ivanov on March 7, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 7, 2025 19:44

Милијардерот Илон Маск, како шеф на Одделот за штедење, отпушта илјадници владини службеници во САД. Сега претседателот  Доналд Трамп,  реагирајќи на зголемените критики за курсот на Маск, го повикува да дејствува претпазливо.

Велиме скалпел наместо секира, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“. Тој го пофали  Одделот на Маск,  ДОГЕ  (Оддел за владина ефикасност) како „неверојатен успех. Кратењата се неопходни, но прецизноста е важна за да се задржат најдобрите и најпродуктивните вработени, порача Трамп.

Ова е првпат Трамп јавно да постави ограничувања на технолошкиот мултимилијардер и неговиот владин Оддел за државна ефикасност кога станува збор за масовните намалувања на трошоците и персоналот во државниот апарат. Во меѓувреме во судовите се водат десетици процеси против кратењата.  Анкетите покажуваат дека мнозинството граѓани  на САД  ги отфрлаат предложените  масовни намалувања на државната администрација.  Зад затворени врати, Трамп отиде уште подалеку со своите критики.

Тој ги потврди медиумските извештаи дека на состанокот на владата ја истакнал улогата на министрите во кадровската екипираност и политиката во нивните служби, дека тие, а не Маск, ја имаат моќта на одлучување. Технолошкиот милијардер би играл само советодавна улога. Според новинскиот магазин „Политико”, Маск бил присутен во просторијата за време на најавата на Трамп и искажал своја согласност.

Состанокот бил свикан откако шефовите на различни владини служби се пожалиле кај највисоките претставници на Белата куќа за  бескомпромисниот пристап на ДОГЕ.  Канцеларијата за законодавни прашања на Белата куќа во последните денови била преплавена со повици од фрустрирани републикански членови на Конгресот од целата земја, од кои некои го почувствувале гневот на нивните гласачи дома.

На прес конференцијата што следуваше, Трамп  изјави дека сака министрите и шефовите на службите внимателно да разгледаат кој им е потребен, а кој не. „Не сакам големи кратења каде што се отпуштаат многу добри луѓе.

Сакам членовите на кабинетот да ги задржат добрите луѓе. А луѓето кои не си ја вршат добро својата работа, кои не се доверливи, не доаѓаат на работа и слично, може да бидат отпуштени.“ Министрите и Илон Маск ќе ги надгледуваат вработените, а ако шефовите на службите решат да кратат, тогаш Илон ќе пресече, порача Трамп.

 

администрација кратње Маск тѕрамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.