Author: Zoran Ivanov
Зоран Иванов Мицкоски: Нема да дозволиме повторно македонскиот идентитет да биде предмет на политички пазарења! Граѓание: Каде тоа гледате загрозен македонски идентитет кој е “предмет” на пазарење? Па, ајде посочете! Ајде дефинирајте!! Патем, ова “граѓаните”, е само новинарско „алиби“. Но, навистина, кого тоа заеб.ваат премиерот и ДПМНЕ? Еднаш, малку пред изборите некаде напишав дека човекот никогаш нема да биде премиер. Ми реприцираа некои, верувам, не негови лични туку негови партиски фанови, дека сум ја утнал. Навидум, ама само привидно, беа во право. Човекот стана премиер и … Па, дали сум ја утнал? Нека е и себично. Иднината, убеден сум, многу…
Соединетите држави ја исклучиле Украина од системите за предупредување од воздушни удари, како и сателитските системи за целење на ракетните системи со долг дострел ХИМАРС, тврди новинарот на „Економист“, Оливер Керол во објавата на платформата Х.
Трамп пред американскиот Конгрес рече дека неговата администрација планира „да го врати Панамскиот канал и веќе почна да го прави тоа“.
Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека американските царини за Канада се глупави и рече дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се обидува да соработува со рускиот претседател Владимир Путин, додека води трговска војна против најблискиот сојузник – Канада. Канадскиот премиер истакна дека Канада ќе воведе одмазднички царини за американски стоки во вредност од повеќе од 100 милијарди долари како одговор на тарифите на Трамп од 25 отсто,. Денес, Соединетите Американски Држави започнаа трговска војна против Канада, нејзиниот најблизок партнер и сојузник, нејзиниот најблизок пријател. Во исто време, тие зборуваат за позитивна работа со Русија, за смирување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва и се обрати на нацијата пред утрешниот самит на Европската Унија во Брисел. Оцени дека Французите се „со право загрижени“ за меѓународната ситуација.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе разговара со европските сојузници за идејата за користење на француското нуклеарно одвраќање за заштита на континентот од заканите од Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговараше со словенечкиот премиер Роберт Голоб за планот за првите чекори кон праведен и одржлив мир и истакна дека тој ќе биде готов во блиска иднина.
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, денеска потврди дека САД ја прекинале разузнавачката поддршка и испораката на оружје за Украина по конфронтацијата во Овалната соба меѓу претседателот Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп минатиот петок.
Доколку останата на сила царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, Мексико ќе бара други трговски партнери, вклучително и Канада, изјави денеска мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.
Руски суд денеска го осуди британскиот државјанин Џејмс Андерсон, притворен во Русија и обвинет дека се борел за украинската армија во руската област Курск, која граничи со Украина, на 19 години затвор, објави Москва Тајмс.
Ако САД сакаат војна, без разлика дали тоа е тарифна војна, трговска војна или каков било друг вид војна, ние сме подготвени да се бориме до крај, објави на „Х“ кинеската амбасада во Вашингтон во моментот кога говорот на Доналд Трамп бил при крај.
Серијата потези на Трамп кон Русија, вклучително и суспензијата на воената помош за Украина и можноста за ублажување на санкциите кон Москва, предизвика загриженост кај сојузниците во НАТО и кај американските републиканци.