Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

0
By Zoran Ivanov on October 4, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 4, 2025 20:38

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за оние кои немаат пари и врски, велат дел од родителите на загинатите млади луѓе во трагедијата во Кочани кои излегоа на 25-тиот марш, прв откако Кривичниот суд го одобри обвинението за несреќата во дискотеката „Пулс“.

Тие се обратија до републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, премиерот Христијан Мицкоски, но и другите функционери од правосудната власт и велат дека целосно ја изгубиле надежта дека ќе има правда по поднесеното обвинение.

Правдата не е на страната на жртвите, туку на страната на виновниците, а особено е поразително тоа што осомничените се со мерки за претпазливост. Секојдневно сме приморани да ги гледаме како се движат низ нашиот град како да не се случило ништо. Тие лица си ја купија својата слобода со пари, живеат без никакви ограничување, а ние сме осудени на доживотна болка и загуба. Прашуваме што ќе биде со тие лица, дали правдата важи само за оние кои немаат пари и врски и дали ние треба да платиме? Ваша должност е да обезбедите еднаков третман, а не да создавате систем каде богатите и влијателните се неприкосновени. Свесни сме дека постојат и други докази против други лица кои намерно не ги изнесувате и со тоа правите кривично дело и за тоа ќе има одговорност. Се сомневаме дека вашата постапка е резултат на политички или друг вид на притисок од лица кои стојат зад овој случај. Но колку и да се обидувате да ја сокриете вистината таа ќе излезе на виделина. Бараме целосно презентирање на сите докази одговорност за пропустите на обвинителниот акт, проширување на обвинението, еднаков третман на притворените – рече една од мајките на маршот во своето обраќање.

 

 

Кочани моцкоски родители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.