Author: Zoran Ivanov

Во 2024, на неприкосновените руски лажни наративи и дезинформации им се придружија дезинформациите кои се однесуваа на изборите во САД со особено жестоки напади врз претседателската кандидатка на демократите, Камала Харис. Не останаа поштедени ниту високите функционери на Евроската Унија, додека на редовната мета на руските пропагандисти, брачниот пар Зеленски, сега беше додадена вдовицата на убиениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија.

Read More

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен денеска му додели на лидерот на Партијата на слободата на Австрија, Херберт Кикл, мандат да формира влада, која ќе биде прва во таа земја предводена од екстремната десница по Втората светска војна.

Read More

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека тој и кинескиот лидер Си Џинпинг разговарале преку претставници и верува оти двајцата лидери ќе се сложуваат. „Веќе разговаравме. Разговаравме преку нивните претставници“, рече Трамп во интервјуто со конзервативниот водител на ток шоу Хју Хјуит.

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Украина треба да биде „реална“ кога станува збор за територијални прашања во какви било идни преговори за ставање крај на војната со Русија. „Украинците мора да водат реални разговори за територијални прашања“, рече Макрон на средбата со француските амбасадори.

Read More

Нови Сад: Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија денеска со јавно писмо ги поддржаа студентите во нивните протести и барања, а списокот на потписници постојано се дополнува.

Read More

Ова практично значи дека Северна Македонија не може да оди напред на својот пат кон ЕУ без да ги одобри и уставните измени за воведување на бугарската заедница во Преамбулата, како обврска преземена со францускиот предлог за да може државата да започне преговори со ЕУ. Дестан Јонузи     Северна Македонија влезе во 2025 година со нерешениот проблем со соседната Бугарија за вклучување на бугарската заедница во преамбулата на Уставот и со тоа на земјата да ѝ се отвора патот кон членство во Европската унија. И покрај последователните напори на меѓународните пријатели на Северна Македонија од ЕУ и САД да изнајдат…

Read More

Украинската воена разузнавачка служба објави дека кон крајот на декември, за време на заседа со беспилотни летала во југоисточниот регион Запорожје, елиминирала висок руски командант. Специјалните сили ГУР, познати како Кракен, го неутрализираа Сергеј Мелников, началник на Генералштабот на рускиот баталјон „Storm Ossetia“, кој дејствува под Московскиот 429 моторизиран полк.

Read More

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира да ги олесни ограничувањата за хуманитарната помош за Сирија, забрзувајќи ја испораката на основните резерви без укинување на санкциите кои ја ограничуваат другата помош за новата влада во Дамаск, како и дополнителни санкции за испораките на руска нафта. Олеснувањето на ограничувањата за американска хуманитарна помош за Сирија го објави во неделата Волстрит Журнал, кој пишува дека администрацијата на Бајден ќе го објави во понеделник.

Read More

Заменик-претседателот на словачкиот парламент Андреј Данко изрази мислење дека неговата посета на Русија ќе помогне да се обноват односите меѓу двете земји, објави прорускиот Словакиа њуз – правда, повикувајќи се на извештај од Раша Тудеј, кој е санкциониран од ЕУ од почетокот на руската целосна инвазија против Украина.

Read More

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова не ги потпишала измените на Законот за заштита на децата. Од претседателскиот кабинет нема образложение ниту објаснување за чинот на претседателката.

Read More