Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

0
By Zoran Ivanov on October 3, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 3, 2025 18:37

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро го критикуваше Хамас за одолговлекувањето со одговорот на неговиот план за мир во Газа и враќање на заложниците, потсетувајќи на масакрот од 7. октомври.

Трамп во објавата тврди дека над 25.000 членови на Хамас се убиени, а останатите ги опиша како „опкружени и под воена опсада“.

Тој изјави дека Палестинците треба да ги напуштат опасните области на Газа и даде ултиматум Хамас да се согласи на договор до недела во 18 часот по вашингтонско време, велејќи им на членовите на Хамас дека ова е нивната „последна шанса“.

„Хамас е немилосрдна и насилна закана на Блискиот Исток со години! Тие убиваат (и го прават животот неподнослив), што кулминира со МАСАКРОТ на 7 октомври во Израел – бебиња, жени, деца, стари лица и многу млади мажи и жени, момчиња и девојчиња кои се подготвуваа да го прослават својот иден живот заедно. Како одмазда за нападот врз цивилизацијата на 7 октомври, повеќе од 25.000 „војници“ на Хамас веќе се убиени. Повеќето од другите се опкружени и воено опколени, тие само чекаат да им го кажам зборот „ОДИ“ за брзо да им се згасне животот“, наведува Трамп во својата остра објава до палестинската милитантна група.

„Што се однесува до другите, додава американскиот претседател, знаеме каде сте и кои сте, и ќе бидете прогонувани и убиени. Ги молам сите невини Палестинци веднаш да ја напуштат областа каде што може да има големо крвопролевање и да се преселат во побезбедни делови од Газа. Сите ќе бидат добро згрижени од оние кои се подготвени да помогнат. За среќа на Хамас, сепак, ќе добијат последна шанса! Големи, моќни и многу богати држави на Блискиот Исток и околните области, заедно со САД, се договорија – со согласност на Израел – за МИР по 3000 години на Блискиот Исток.

„Овој договор ги спасува животите на сите преостанати борци на хамас! Деталите од документот се познати на светот и тоа е одлична зделка за сите! Ќе имаме мир на Блискиот Исток, на еден или друг начин. Насилството и крвопролевањето ќе престанат. Ослободете ги сите заложници, вклучително и телата на мртвите, сега! Мора да се постигне договор со Хамас до недела во осумнаесет (18) часот по вашингтонско време“, дециден е претседателот Трамп.

„Секоја земја се согласи (за договорот)! Ако не се постигне овој договор – последна шанса, врз Хамас ќе се спушти пекол каков што никој досега не видел. Ќе има мир на блискиот исток на еден или друг начин. Ви благодарам за вашето внимание по ова прашање!“ – Претседател Доналд Џ. Трамп, напиша американскиот претседател на својата мрежа Truth Social.

Top of Form

 

веднаш закани ѕтрамп Хамас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.