Author: Zoran Ivanov
Неколку лица се убиени во Цетиње од огнено оружје по физичка пресметка во таверна, потврдија за „Вијеста“ од повеќе неофицијални извори. Според истите информации, полицијата трага по осомничениот. Според информациите од Полициската управа, во попладневните часови во градот Бајице, во угостителски објект се случило повеќекратно убиство кога лицето А.М. со огнено оружје ги одзел животите на неколку лица. Најпрвин дошло до тепачка во кафеана по што бараниот извадил оружје и пукал. Ја информираме јавноста дека се работи за ситуациски настан кој не е резултат на разбивање на ризични организирани криминални групи. За решавање на оваа кризна состојба на терен се…
Илјадници луѓе ја дочекаа Новата година на плоштадите во светските метрополи.
Хаотична и насилна новогодишна ноќ низ Холандија доведе до трагична смрт на 14-годишно момче и апсење на повеќе од 200 лица поради немири и напади врз полицајци, а има и повредени поради подметнување пожар и несреќи поврзани со пиротехника.
Две лица загинаа, а шест се повредени денеска во Киев во напад на руската армија, која утринава лансираше бран од 111 беспилотни летала врз Украина.
EuroNews: Гласањето на изборите низ Европа во 2025 година навестува значајни политички промени – предвремените, брзи парламентарни избори во Германија, претседателската трка во Романија и Полска, како и подемот на популистичките сили во Чешка, Норвешка и пошироко. Овие изборни процеси би можеле да ја променат иднината на Европската унија. Еуроњуз подготви преглед на клучните изборни процеси на европскиот континент во 2025 година. Доколку 2024 беше година обележана со избори низ целиот свет – враќањето на Доналд Трамп на власт во САД, консолидирањето на десничарските партии на изборите за Европскиот парламент, политичката промена во Обединетото Кралство каде што Конзервативците беа изборно поразени…
Њу Орлеанс: 10 лица загинаа, а 30 се повредени откако возило влета во голема група луѓе, соопштува градската агенција за итни случаи.
Од денеска, како што и беше најавено, е прекинат транзитот на руски гас преку Украина кон централна Европа. Руската компанија Гаспром објави дека по украинското необновување на транзитниот договор нема ниту правни, ниту технички можности да продолжи да го испумпува гасот низ гасоводите во земјата. Валидноста на договорот потпишан на 30 декември 2019 година истече во 6:00 часот по средноевропско време, соопшти Гаспром.
На денешен ден пред 13 години почина првиот претседател на самостојна и независна Македонија, Киро Глигоров.
Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА вели дека овој состав на Судскиот совет можеби има легалитет, но нема легитимитет кај граѓаните. Нагласува дека кадровскиот потенцијал којшто треба да го освежи ова тело навистина треба да биде со импозантна цел и агенда пред себе, но и институционална меморија позади себе, односно да има биографија и тежина, бидејќи, како што посочи, „ако ние едните ги замениме со други, а останат навиките исти и начинот на однесување не сме направиле ништо“.