Author: Zoran Ivanov

Скопје: Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека продолжува мерката бесплатен превоз за студентите. На денешната прес конференција, тој појасни дека Владата одлучила да му префрли 120 милиони денари на ЈСП Скопје за да може мерката да продолжи да се реализира и во 2025 година.

Read More

Зоран Иванов Секое нешто си има свој почеток но не и крај каква што судбина и стокмив на оваа Една Реченица по нејзиното двеипол годишно талкање во рубриката По допрен глас на престижниот ЦивилМедиа, медиумската платформа на Цивил, Една Реченица со која ги нервирав лекторите, го малтретирав уредникот Дехран кому често речениците за објавување му ги праќав пред полноќ па и по полноќ, со овој мој измислен новинарски формат во кој посебна инспирација беше предизвикот секоја од Речениците да завршат, да поентираат со нивниот наслов, го тревожев Главниот уредник Џабир кој поради неговиот широк демократски капацитет без поговор го толерираше овој мој…

Read More

Ерол Ризаов: Новата самоубиствена  тенденција на осилената власт е да се доведат во прашање веќе стекнати права што неминовно ќе ги влошат меѓуетничките односи. Кога се влечат вакви опасни потези не смее да се заборави фактот дека распадот на  Југославија почна со хегемонизмот и со одземање на стекнати права. Обидете се на член од семејството да му одземете некои од придобивките што сте му ги дале, или тој се изборил за тоа, сеедно,  па ќе ја видите реакцијата. Се додека се доаѓа на власт со ветувањата дека Македонците  дале премногу права и дека мнозинството  се граѓани од втор ред во…

Read More

Гордана Сиљановска Дафкова: И како човек и како Претседателка верувам дека вреди да се бориме за правото, правдата и моралот. Држејќи се до овие начела, малите земји имаат шанса да ги пребродат големите бури во меѓународните води. Да го чуваме како добри домаќини нашиот заеднички дом. Посакувам 2025-та година да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа. Да живееме во мир, спокој и хармонија со оние што ги сакаме и што нѐ сакаат.

Read More

Кој сака правда? Никој. Сите се корумпирани. Битката против корупцијата е реклама за корупцијата. Како за прашок за перење.

Read More

Фани Каранфилова Пановска: На општеството му се случува сериозно назадување – вели заменик претседателката на СДСМ. Бегството на груби е индиција за политичка соработка меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ веќе подолго време и со тоа што се случува во Собранието, а и со тоа што се случува надвор од институциите и Собранието, со сите оние обиди де факто или наводно да се дестабилизира нашава државаВо изманатите шест месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, освен сериозно потфрлање во сите нивни ветувања, ништо друго не гледаме. Покажуваат елементарна неспособност да ја водат државата и институциите ништо а има сериозни намери и тенденции, системот…

Read More

Тито Беличанец: Граѓаните на РС Македонија за прв пат избраа за Претседател на државата познат и признат професор по уставно право но истовремено најлош државник. И што е најлошо интелектуално го “зароби” и Премиерот во нејзиниот теоретски свет кој не коинцидира со историската реалност во меѓународните односи и состојби, особено во врска со влезот во ЕУ.

Read More

Политичкиот камелеон Мицковски заборава дека му беше чирак на Груевски кој го десловенизира македонскиот народ со антиквизацијата и го одложи 15 години влегувањето на земјата во НАТО и почетокот на преговори за влез во ЕУ. И при тоа во 12 годишната подршка на диктаторски режим на Груевски кој беше урнат под силен масовен притисок на граѓаните и меѓународната заедница како услуга Груевски му овозможи да изгради неколку мали хидроцентрали со што се збогати.

Read More

Сепак, уште не беше остварен мојот сон, за „Егејци”, за сонот на татко ми, да зборувам на грчки универзитет. Тоа на 14-ти декември го овозможи токму Договорот од Преспа. Иако тоа за многу Македонци, дури и кога се Егејци, е уште несфатливо.  Тогаш, во 2018-та, Александра и јас силно го поддржавме Договорот, затоа што ние долго пред тоа бевме сознале дека нема друг пат за народите на две соседни земји, да се запознаат и да ги надминат историските трауми и стереотипи, освен помирувањето.

Read More