Author: Zoran Ivanov
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од осум дена за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра. Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР, како што информираат од ЈОРСМ, доставиле и наредба за распишување на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице.
Индустриското производство во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, е помало 3.5 отсто.
Гордан Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира судството, Судскиот совет е само една од алатките со кои се управува судството. Најпроблематично е немањето политичка култура кај политичките партии. Тие го искористуваат судството за сопствени интереси и за сопствена заштита.Во моментот кога политичарите ќе ги кренат рацете судството тоа е доволно професионално и поставено на основи кои само по себе можат да дадат подобри резултати. Се додека се прави овој тип на притисок кој се сведува „да го исчистиме од едни, а да дојдат други“, тоа е фарса од реформи. Ако на обвинителите можат да има шепнат кого да изберат…
Полицијата извршени 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино и еден во Битола, по што ќе биде поднесена кривична пријава против 12 лица македонски државјани и 1 странец, за 45 кривични дела поврзани со криумчарење луксузни возила и фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба.
Џими Картер беше претседател од 1977 до 1981 година. Откако ја напушти Белата куќа со низок рејтинг, репутацијата му се врати преку хуманитарна работа, а потоа ја доби и Нобеловата награда за мир.
Срам да ти е, што мене ме избра, така ранлива и беспомошна. Ама и алал. И ти благодарам. Без тебе, немаше да знам каква е болката на безболието, на неопипливото, на имагинарниот свет. Неподнослива. Ги кине цревата како крпи за бришење на прашина и токму со нив, ја вади сета меморија од убави настани. Го мачка мозокот со тиња и потоа го …
Актуелниот хрватски претседател и кандидат на СДП Зоран Милановиќ, според првите податоци од излезните анкети, освоил 49.12 отсто, што упатува дека ќе има и втор изборен круг закажан за 12-ти јануари.
Бројот на загинати во авионот на „Jeju Air“ кој утринава се лизна од пистата, удри во ѕид и се запали на аеродромот Муан во Јужна Кореја, се искачи на 177. Најмладиот патник имал само 3 години, а најстариот 78. Во авионот имало 175 патници и шест членови на екипажот. Досега се спасени само две лица – членови на екипажот. Нивната состојба не е објавена. Тие биле пронајдени во опашката на авионот, кој бил единствениот кој останал недопрен по експлозијата. Остатокот од авионот е целосно уништен. Повеќе од 1.570 воен, полициски и владин персонал се распоредени во Муан во јужнокорејската провинција…
Москва: Русија ќе се откаже од предложениот мораториум за распоредување ракети со краток и среден дострел, откако САД почнаа да распоредуваат такво оружје, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.