Author: Zoran Ivanov
Пентагон денеска соопшти дека САД ќе го задржат своето присуство во источниот дел на Сирија и ќе преземат соодветни чекори за да го спречат обновувањето на терористичката група „Исламска држава“.
Претседателот Башар ал Асад ја напушти Сирија, соопшти руското Министерство за надворешни работи во неделата.
Сан Хуан Амекак: Тројца мажи, обвинети за киднапирање на мало девојче, беа линчувани до смрт од толпа од 300 лица во село во државата Пуебла, соопштија мексиканските власти.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е заинтересиран за „договор“ за ставање крај на војната со Русија, откако двајцата се сретнаа во Париз за да разговараат за иднината на конфликтот. Францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на тринасочни разговори со Зеленски и Трамп во Елисејската палата во саботата, додека во Киев расте стравот за ставот на новата американска администрација. „Зеленски сака да се договори и да го запре лудилото“ Трамп отворено се спротивстави на испраќањето милијарди долари воена помош за Украина и еднаш се пофали дека би можел да го заврши конфликтот за 24…
Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска е добитник во областа на воспитанието и образованието, а во областа на културата и уметноста годинава се наградени писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази.
Проф. Гроздановски за МИА: Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Македонија, од каде што почна апостол Павле во Европа, ги даде светите браќа Кирил и Методиј, и преку делото свети Климент и свети Наум Охридски, постана расадник на словенската црковно-просветна и книжевна дејност. Проф. д-р Ратомир Грозданоски Таков – свет е нашиот почеток. Со свети апостол Павле започнаа нашето охристовување и христијанизацијата, а со свети Климента – нашата евангелизација, оцрковување, просвета, книжевност, уметност, култура и сè. Ниедна личност не е толку сврзана…
Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор. Непосредно пред тоа, сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец, потврдија за „Ројтерс“ двајца високи офицери на сириската армија, пренесува Скај њуз.
Официјален претставник на Обединетите Арапски Емирати рече дека не знаат дали сирискиот претседател Башар ал Асад побегнал во нивната земја.
Нејзината џихадистичка идеологија се чинеше дека е нејзина движечка сила наместо револуционерна ревност – и во тоа време се сметаше дека е во судир со главната бунтовничка коалиција собрана под знамето на Слободна Сирија. Би-Би-Си Бунтовничките сили влегоа во сирискиот главен град Дамаск со извештаи дека претседателот Башар ал Асад побегнал од земјата со авион на непозната локација. Во телевизиско соопштение, групата рече дека градот е „ослободен, тиранинот Башар ал Асад е соборен“. „Да живее слободна и независна Сирија за сите Сиријци од сите секти“, додаваат тие. Громобранската офанзива, предводена од Абу Мохамед ал-Џавлани, започна со ненадејното заземање на Алепо…
Сириските опозициски сили денеска ја презедоа контролата врз Дамаск, додека претседателот Башар ал Асад наводно избегал од главниот град.
Според Македонско научно здружение за аутизам, во земјава има околу 20.000 лица со широк спектар на аутизам, но точниот број е непознат. Светската статистика покажува дека едно од 36 родени деца е со аутизам. Марјан Танушевски Родителите на деца со аутистичен спектар на нарушување се соочуваат со бројни предизвици. Немањето рана дијагностика, недостигот на стручен медицински кадар и иклузијата ги посочуваат како дел од предизвиците. Нудат предлози и решенија, но, како што велат, нема институционални ефекти. Според Македонското научно здружение за аутизам, во земјава има околу 20.000 лица со широк спектар на аутизам, но точниот број е непознат. Светската статистика…