Author: Zoran Ivanov

Денеска во Република Северна Македонија се одбележува Денот на албанската азбука. Историскиот настан е поврзан со Битолскиот конгрес одржан на 22 ноември 1908 г. на кој било унифицирано писмото на Албанците и се смета за еден од најважните политички, културни, научни, јазични и образовни настани за албанскиот народ.

Read More

Советот на Градот Скопје одржува вонредна седница по кризата во Јавното сообраќајно претпријатие -ЈСП, кое од синоќа остана без нафта. На седницата беше најавено дека по интервенцијата на Владата со нафта од државните резерви за седум дена, утре изутрина ќе биде нормализиран автобускиот превоз во град Скопје. 

Read More

Во виенската клиника Фаворитен настанал хаос откако новороденче исчезнало кога мајката накратко ја напуштила собата. Полицијата веднаш започнала опсежна потрага, а целиот болнички комплекс бил блокиран, јавуваат австриските медиуми.

Read More

Во борбени услови, беше извршен тест на еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел. Во овој случај, тестот беше извршен со ненуклеарна хиперсонична верзија на балистичка ракета, изјави рускиот претседател.

Read More

Евротинк – Центарот за европски стратегии, денеска во Скопје, одржа форум во рамките на проектот ,,Медиумите за ЕУ”. ,,Зелена агенда – заштита на потрошувачите и јавното здравје” и ,,јавноста, улогата на цивилниот сектор и медиумите” беа двете теми кои беа опфатени на форумот.

Read More

Владата донесе одлука за утврдување кризна состојба во јавниот превоз во Скопје поради недостиг на гориво во ЈСП. Дел од државните нафтени резерви ќе бидат позајмени на Градот Скопје за да се надмине кризата и да се обезбеди функционирање на јавниот транспорт. Донесена е одлука за итна набавка на деривати преку постапка со преговарање, со цел да се скрати времето потребно за снабдување. Со ова, Владата го затвора прашањето за тековните потешкотии во работењето на градското претпријатие, соопштуваат од Владата.

Read More

Пристигнуваат реакции на потерниците од Меѓународниот кривичен суд, – МКС, за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и командантот на Хамас Ибрахим ал-Масри, кој се смета за починат.

Read More

Косовската претседателка порача дека ќе се преземе сé „за да не се направи чекор назад“ во однос на правата на Албанците стекнати со Охридскиот договор . Гледаме многу загриженост кај Албанците во Северна Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор и сакам да ги уверам сите дека ќе дадеме сé од себе за да не се направи чекор назад, туку само чекори напред. Албанците се конститутивен народ во Северна Македонија со одлучувачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата, затоа секој обид за поткопување на нивните права ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците…

Read More

Останува секојдневната комуникација на граѓаните меѓу себе. Овде стрпливо мора да се работи на основата за тоа. Важна е довербата и меѓусебното почитување па полесно ќе се најде јазикот на кој ќе се прави тоа. Ако е казнето човештвото од Господа за своите гревови со поделбата на јазиците на кои говори , колку треба да трае покајанието па да се влезе во чистилиштето.  Војо Маневски       „ …кога Господ виде дека луѓето почнаа да се одалечуваат од својот основен лик им ги измеша јазиците и од тогаш луѓето зборуваат на различни јазици и се мачат да се разберат“…

Read More

Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант и претставници на Хамас, обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото поради војната во Газа и нападот на 7 октомври 2023 година во Израел, што доведе до конфликт

Read More