Author: Zoran Ivanov
Денко Малески: Со слоганот „Јас сум вашата одмазда“, Доналд Трамп победи на изборите во Америка. Незадоволството на масите со домашната и надворешната политика на „естаблишментот“ го лансираа републиканскиот кандитат на најмоќната политичка функција во Америка и во светот. Непристојниот Трамп ја победи пристојната Харис во уште еден револт на масите. Колку е тој оправдан а колку е неоправдан е работа на натамошни анализи. Линк
Трамп, независно од бруталниот речник кој го употребуваше, фасцинираше со својата упорност и доследноста за влевање на страв кај гласачите од недоаѓање на непознати политики на планот на нивната лична и колективна безбедност, особено околу емиграцијата, политики кои ќе ја загрозат семејната благосостојба и работниот ангажман на просечниот американски граѓанин.
Германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер бидејќи, како што објасни, повеќе и служел на својата партија отколку на општото добро на државата. На овој начин практично престана да постои коалицијата од три партии која во моментов е на власт во Германија.
Јемаси: Полицијата на ова американско градче во Јужна Каролина со 2.000 жители ги повика своите сограѓани да ги затворат вратите и прозорците од своите домови поради опасност „медицински“ мајмуни да не им влезат во домовите и да рашират вируси.
Посебно вредни археолошки артефакти се пронајдени во близина на охридското село Волино. Порталот „Охрид 1“ објави дека во моментов локацијата, која е на приватен имот, е целосно затворена и видни археолози од земјава се на терен.
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека денеска, на маргините на политичкиот настан во Будимпешта на кој присуствува, се сретнал со францускиот претседател Емануел Макрон
Претседателот Владимир Путин денеска му честиташе на Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД и го пофали за „покажувањето храброст кога вооружен напаѓач се обиде да го убие“ и рече дека Москва е подготвена да разговара со него, јавува Ројтерс. Би сакал да му честитам за неговиот избор за претседател, изјави Путин на панелот Валдаи во црноморското одморалиште Сочи. Трамп за време на предизборната кампања изјави дека може да донесе мир во Украина во рок од 24 часа доколку биде избран, но не појасни како точно во тој период ќе стави крај на најголемата копнена војна во Европа…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија е решена секој ден да се бори за своето членство во ЕУ и оти значително напредувала во оваа насока благодарение на поддршката на унгарското претседателство.
Како Уставен суд, за да ги амортизираме сите обвинувања за етничко и политичко постапување, сме подготвени со колегите да ги разубедуваме политичарите и воедно да се обратиме на граѓаните дека нашите одлуки се уставни, изјави претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски.
Њујорк: Десетте најбогати луѓе во светот на листата на милијардери на Блумберг го зголемија своето богатство за рекордни 64 милијарди долари за еден ден по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
Акра: Претседателот на Гана во заминување, Нана Акуфо-Адо, се соочува со тешки критики откако откри своја статуа за време на посета на западниот дел на земјата.