Author: Zoran Ivanov
На денешниот самит на групата држави БРИКС во Казан, Русија, беа упатени повици за прекин на војните и отворање преговори во Украина и на Блискиот Исток, а рускиот претседател Владимир Путин ги поздрави понудите за посредување од страна на своите партнери, оценувајќи ги како поволни.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во посета на Тирана, изјави дека следната недела Европската комисија ќе го објави извештајот за напредокот на проширувањето, каде Албанија постигна одлични резултати.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова помилува десет затвореници. Прв на списокот на помилувани се најде Акиф Равмановски чие име во јавноста се поврзува со скопски нарко клан, но и според информации на дел од медиумите учесник во неодамнешната престрелката во скопски Чаир пред десетгина дена кога повредено беше 35 годишно лице од Скопје.
Терористички напад денеска беше извршен врз комплексот на националната воздухопловна компанија на Турција „ТУСАШ“ во предградие на Анкара, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс. – Има неколкумина загинати и повредени, изјави Јерликаја, осудувајќи го нападот.
Денешната изјава на претседателката Гордана Силјановска Давкова која е само марионета на Мицкоски, потврдува дека тие двајцата се на браникот на криминалот и нарко босовите во државата, реагираат од СДСМ на изјавата на претседателката за одлуката за помилување осуденици. Силјановска вели дека имало интересни ликови кои биле помилувани и таа не знаела за кого станува збор. Прво, со ваквата изјава се доведува во прашање и нејзината деловна способност. Дали ова значи дека Силјановска утре ќе потпишува и други акти и нема да знае што потпишува? Ова е ризик за државата. Второ, ако е ова е само лага на Силјановска, тогаш се потврдува…
Никола Спасов: Нема бе тоа стратег, гледа 30 години унапред. Значи две генрации ќе почекаат, третата да ја биде. Ваква будалаштина може да каже некој кој ниту разбира, ниту има намера да се бави со никаква стратегија.
Според ССМ, податоците од синдикалната минимална кошница која за октомври изнесува 61.249,00 денари без трошоците за изнајмен стан од 60 метри квадратни, покауваат дека мерката на Владата дала дел од посакуваните ефекти, но дека цените треба уште да се намалуваат бидејќи нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика.
Aко Русија победи во Украина, самата Европа ќе е соочи со колапс, изјави американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, во недамнешниот говор на Дипломатската академија во Киев.
Казан: Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш утрово пристигна во Казан, Русија, за да учествува на самитот на БРИКС, објавија локалните власти на Телеграм.
БранкоТричковски: Од денешен аспект формирањето на вмро во различни деноминации е дефиниција на борбата на македонскиот народ против слободата. Сфатен во денешна смисла, еманципиран и конституиран како субјект. Затоа што денешното вмро-дпмне се враќа на изворните, што ќе рече на принципите во кои Македонија е само територија која треба да се ослободи, тогаш од Османлиите сега од комуњарите, од Албанците, а најмногу од Македонците.
Македонија не може да има и национална држава и вмро. Политичката концептуализација на митот за вмро ги исклучува и државата и нацијата. Денот на револуционерната борба на македонскиот народ е украден од бугарската национална историја. Македонија од 1944 е нешто сосема спротивно од идеалите на вмро. Поинаку не би била можна. Ова што денеска тие го прават е одмазда. БранкоТричковски Луѓето кои во 1893 година го формирале тоа што подоцна ќе остане запаметено како вмро, немале намера по 128 години да предизвикаат ваква катастрофа каква што се случува денеска во Македонија. Тие воопшто немале намера да прават држава од Македонија.…