Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо честитки

0
By Zoran Ivanov on October 23, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 23, 2024 09:13

Македонија не може да има и национална држава и вмро. Политичката концептуализација на митот за вмро ги исклучува и државата и нацијата. Денот на револуционерната борба на македонскиот народ е украден од бугарската национална историја. Македонија од 1944 е нешто сосема спротивно од идеалите на вмро. Поинаку не би била можна. Ова што денеска тие го прават е одмазда.

 БранкоТричковски

Луѓето кои во 1893 година го формирале тоа што подоцна ќе остане запаметено како вмро, немале намера по 128 години да предизвикаат ваква катастрофа каква што се случува денеска во Македонија. Тие воопшто немале намера да прават држава од Македонија. А па за национална држава на македонскиот народ не ни сонувале. Но, независно од нивните намери тие го удриле темелот на драмата низ која поминува независна Македонија со големи изгледи таа драма да заврши фатално. Од нивниот собир до денеска вмро се претвори во генетска деформација која во услови на демократија нормалните Македонци ги полудува, а лудите ги устоличува.

Од денешен аспект формирањето на вмро во различни деноминации е дефиниција на борбата на македонскиот народ против слободата. Сфатен во денешна смисла, еманципиран и конституиран како субјект. Затоа што денешното вмро-дпмне се враќа на изворните, што ќе рече на принципите во кои Македонија е само територија која треба да се ослободи, тогаш од Османлиите сега од комуњарите, од Албанците, а најмногу од Македонците.

Изгледа шашаво но функционира (Хорхе)

Тој ден не е за празник и не е за честитање. Не е ниту за напаѓање затоа што луѓето што се собрале во Солун во 1893 година имале чесни намери. Но, независна Македонија и во меѓувреме родената македонска нација го претворија нивното дело во чудивиште и невидено зло. Тоа што за првите беше територија македонската историографија и политика го аплицираа во колективниот имагинариум како национален стремеж тотално контра бугарскиот кој бил во основата на првиот и сите други собири и фракции на вмро под различни имиња. При формирањето на македонската нација тоа била фаталната грешка на конституцијата и историската легитимација и затоа е точно тврдењето дека во исто време Македонија не може да има и национална држава и вмро. Политичката концептуализација на митот за вмро ги исклучува и државата и нацијата. Денот на револуционерната борба на македонскиот народ е украден од бугарската национална историја.

Македонија од 1944 е нешто сосема спротивно од идеалите на вмро.

Поинаку не би била можна.

Ова што денеска тие го прават е одмазда.

Не знам дали нешто што е така снажно импрегнирано во митот и фолклорот, во политиката и медиумите, може да се поправи.

Да се надеваме.

Одумдесетте години сепак можат да дадат посериозен отпор.

Можеби и да победат.

Ако сево ова се осознае како што треба

Тоа е!

Наместо честитка.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.