Author: Zoran Ivanov
НАТО планира да ги зголеми своите сили приближно за уште 49 борбени бригади или околу 250.000 војници, а со цел да се спречи руската агресија врз Европа.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел ќе ја плати цената за своите акции во Газа.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека не ја исклучува можноста Украина да нападне воени објекти во Русија со оружје од германски резерви во самоодбрана.
Москва: Кибер напад денеска доведе до прекини во емитувањето на програмата на руската државна телевизија ВГТРК, јавија руски медиуми.
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска изјави дека војната во Украина ќе заврши за 15 дена доколку западните сојузници престанат да ја поддржуваат таа земја.
Военовоздухопловните сили на Украина соборија 32 дронови и две ракети Кинџал истрелани од територијата на Русија.
Москва: Судот во Русија денеска го осуди 72-годишниот американски државјанин Стивен Хабард на речиси седум години затвор бидејќи се борел како платеник во Украина.
Милош Вучевиќ: За нас е важна одлуката на македонската Влада за Коридорот 10 како стратешки правец за железничкиот транспорт, што е единствена прилика заедно со европските партнери да се поврземе од Виена до Атина, полесно ќе се поврземе со грчките пристаништа. Ова е природен пат меѓу Азија до Европа, а патот ќе оди преку Македонија и Србија, што ќе обезбеди подобар карго и патнички транспорт. Линк
На бактеријата и треба неколку месеци за да разградат парчиња пластика, според Ребека Вилкс, главен автор на студијата и постдокторски истражувач во Националната лабораторија за обновлива енергија. Научниците открија дека бактериите кои вообичаено се наоѓаат во отпадните води можат да ја разградат пластиката за да ја претворат во извор на храна, откритие за кое истражувачите се надеваат дека може да биде ветувачки одговор за борба против еден од главните проблеми со загадувањето на Земјата. Во студијата објавена во четвртокот во Environmental Science and Technology, научниците го изложија своето испитување на Comamonas testosteroni, бактерија која расте на полиетилен терефталат или ПЕТ, пластика која…
Најмалку една нова ракета вчеравечер го погоди јужен Бејрут, нешто повеќе од еден час откако Израел издаде инструкции за евакуација на цивили.
Денес, премиерот на кој му се чини дека им рекол „Не“ на Америка и „Не“ на ЕУ за нивниот „француски предлог“, кој прогласи крај на ерата на виткање кичма и „лижење чевли“, не само што ги отфрли предупредувањата на алвбанските политичари во опозиција и во власта, туку и ги повика да си стојат на зборот зашто, ако не го сторат тоа, ќе остават „лош впечаток во јавноста“. Ова е веќе цинизам. Ги поттикна(ДУИ) да ја дестабилизираат државата и (ВЛЕН)да излезат од владата. Храброст? Не – непромисленост. Денко Малски Една нова генерација „храбри“ политичари е на власт во Македонија. Кога во…
Бидејќи е опседнат со самиот себеси Мицкоски во четвртокот искрено кажа дека се изненадил кога слушал оти претседателката на Организацијата на работодавачите со еден збор – „ништо“ – ја оцени работата на владата во првите сто дена. Па им се јавувал на бизнисмени од стопанските комори. Тие му рекле нешто што било спротивно. А и самиот бил „прилично задоволен“. Љупчо Поповски Во јавниот дискурс се појавија споредби за стартот на владата на Никола Груевски во 2006-тата и првите сто дена на владата на Христијан Мицкоски (архивска фотографија)Фотографија: Petr Stojanovski Имаше една многу интересна епизода на годинашнава конференција на британските конзервативци,…