Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Велт ам Зонтаг“: НАТО во Европа планира да распореди уште 50-тина бригади со околу 250.000 нови војници – целта е спречување на руската агресија

0
By Zoran Ivanov on October 7, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 7, 2024 14:36

НАТО планира да ги зголеми своите сили приближно за уште 49 борбени бригади или околу 250.000 војници, а со цел да се спречи руската агресија врз Европа.

Оваа информација ја пренесе „Велт ам Зонтаг“, повикувајќи се на доверливите планови на германското Министерство за одбрана до кои дојде овој медиум. Рамката за ова зголемување – како дел од обезбедувањето на НАТО од руските напади, што е една од главните задачи на новиот генерален секретар на алијансата, Марк Руте, кој ја презеде функцијата минатата недела – беше поставена од двајца врвни команданти на НАТО, американскиот Генерал Кристофер Каволи и францускиот адмирал Пјер Вандие.

Досега се сметаше дека е доволно НАТО да има 82 бригади или околу 400.000 војници, но со текот на времето дојде до точка дека е потребно да има минимум 131 бригада со по 5.000 во секоја или вкупно околу 650.000 војници. Исто така, планирано е да се зголеми бројот на корпуси од шест на 15 и бројот на дивизиски штабови од 24 на 38. Покрај зголемувањето на војниците, Алијансата планира да ги зголеми резервите на оружје, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, муниција, прецизно оружје и возила.

Така, бројот на системи за противвоздушна одбрана треба да се зголеми од 293 на 1.467, а тука се вклучени системи како Patriot, Iris-T SLM и Skyranger. Планот е да се зголеми бројот на хеликоптери од 90 на 104. Во написот се забележува дека овие барања за зголемување важат за сите 32 членки на НАТО, а обврските на секоја земја ќе зависат од нејзиниот економски капацитет и населението. За споредба, зголемувањето на НАТО од 250.000 војници е околу четири пати поголемо од големината на германската армија (62.000 војници) и двојно поголема од големината на сите француски вооружени сили (114.000 војници) – и речиси половина од големината на американската армија.

За опремување на нова сила со таква големина, според стандардите на германската армија, би биле потребни најмалку 1.200 тенкови, 2.700 пешадиски борбени возила, повеќе од 3.000 оклопни транспортери и 900 артилериски системи со голем калибар, пишува Defence Express.

Според стандардите на американската армија, би бил потребен сличен број воена опрема: 1.300 тенкови, 2.300 борбени возила, 5.000 оклопни транспортери и 1.200 топови и ракетни артилериски системи. Без разлика на користениот стандард, станува збор за астрономска сума потребна за опремување на новите 49 борбени бригади, така што авторите на планот за зголемување на силите нагласуваат дека ќе бидат потребни значителни дополнителни финансиски средства бидејќи тие во голема мера ја надминуваат сегашната референтна граница на одбранбени распределби од две проценти од БДП. Исто така, тие нагласуваат дека времето е критичен фактор, бидејќи Русија секој ден станува се посилна и поподготвена за потенцијална војна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.