Author: Zoran Ivanov

Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците без разлика на опструкциите со кои се среќаваме и проблемите и стапиците што се поставени пред нас, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Read More

Ромските преставници во владината коалиција не покажуваат слух и разбирање за пошироките теми од поголемата слика во јавноста и абер немаат за иницијативата за укинувањето на балансерот. Акиф Кариман, лидер на политичката партија АВАЈА, во изјава за ЦивилМедиа оценува дека има лош старт со големи грешки во чекори на ромските претставници во владината коалиција, со чесни исклучоци. Ромските граѓани во овие 100 дена не може да насетат никакви подобрувања, без правец и без план. Во овие 100 дена нема никакви ефекти, освен нивните канцелариски фотели на број, слики и стари приказни (враќање во минатото 2 дел).

Read More

Кога во 2022 година, веднаш после усвојувањето на преговарачката рамка, целиот фокус на јавноста, беше наменски насочен кон забрана на историски личности и имиња, со заеднички сили на “проевропската СДСМ” и “анти-европската ВМРО-ДПМНЕ”; наместо на уставните измени, кои до ден денес се незавршена обврска; дали всушност заедничката цел беше: не ревизија, туку бришење на историјата?

Read More

Бранко Тричковски: Темата за консензусот служи за да се префрли одговорноста за европското фијаско врз владата на сдсм и дуи. Тоа е смрдлива приказна која има за цел да ги скрие вистинските злосторници и нивните мотиви.

Read More

Ова е прв пат регуларни израелски копнени трупи да влезат на либанска територија од 2006 година. Израел претходно започна операции со мали специјални сили во Јужен Либан пред потенцијална копнена офанзива, изјави израелски официјален претставник за NBC News.

Read More

Според јавните закани на партиски и владини функционери и притисоците за радикални промени во судството и обвинителството, со поставување партиски подобни судии и обвинители, власта се подготвува за инсталирање на страховлада и пресметка со политичките противници со нарачани апсења и судски процеси. Ерол Ризаов Во Македонија на лагата долги ѝ се нозете, можат со години да се лажат заблудените, ама колку подоцна се откриваат, толку потешки се разочарувањата и последиците. Пишува Ерол Ризаов Ако денот се познава по утрото и по првите чекори на владата и големите очекувања за промени кон подобро гаснат уште пред да се навршат стоте „толерантни“ денови. Конституирањето…

Read More

Во своето експозе при изборот на Владата, Мицкоски кажа дека ќе ги намали даноците, ќе отпочне силна борба против корупцијата и за владеење на правото, ќе се чешла имотот на обвинители, судии, на функционерите, ќе биде зголемен буџетот во образованието, ќе се формира посебен фонд за врвна наука, а во центарот на вниманието ќе биде економијата.

Read More

Берлин: Повеќе германски медиуми, повикувајќи се на интерни документи, објавија дека неколку пратеници во Бундестагот сакаат да поднесат таканаречено „парламентарно барање“ до сојузниот Уставен суд за забрана на работата на партијата Алтернатива за Германија – АфД.

Read More

Се навршуваат 100 дена од изборот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена на безидејност, скандали и чекори за изолација на државата, политики на застранување од стратешките државни приоритети.

Read More

Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) минатата недела донесе одлука Албанија на 15 октомври да ги започне преговорите по Кластерот 1 – „Основни вредности“, со што преминува во следната фаза од преговарачкиот процес за членство во Унијата и се раздвојува на европскиот пат од земјава.

Read More