Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еуроњуз: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ? 

0
By Zoran Ivanov on October 1, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 1, 2024 08:57

Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) минатата недела донесе одлука Албанија на 15 октомври да ги започне преговорите по Кластерот 1 – „Основни вредности“, со што преминува во следната фаза од преговарачкиот процес за членство во Унијата и се раздвојува на европскиот пат од земјава.

Сепак, и покрај ваквата одлука, како што наведува „Еуроњуз“, Брисел се надева дека новите власти во Скопје ќе останат фокусирани на европскиот пат. Според дипломатски извори, до надминување на пречките за почеток на преговорите по поглавја, Брисел очекува земјава да работи на спроведување на реформската агенда од Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, со кој се предвидени шест милијарди евра за инвестиции во државите од регионот со цел доближување на нивните економи и општества до стандардите на ЕУ уште пред полноправното членство.

Дипломатски извори за „Еуроњуз“ посочуваат дека се задоволни од тоа што новата македонска Влада, како и претходната, покажува посветеност на процесот на зачленување во ЕУ.

Кога новата Влада ја презеде должноста, немаше големи отстапувања од реформската агенда за која преговараше претходната Влада, посочуваат истите извори, додавајќи дека сепак ќе треба да се почека за да се види како ќе бидат спроведувани предвидените реформи.

Тие реформи, меѓу другото, опфаќаат зајакнување на принципите на владеење на правото, независност на судството и борба против корупцијата, и од нивното спроведување ќе зависи и исплатата на средствата предвидени со Планот за раст, од кои две милијарди евра грантови и четири милијарди евра позајмици под поволни услови. Средствата се распределени меѓу државите од Западниот Балкан според висината на нивниот БДП и бројноста на населението, но доколку некоја од нив не ги спроведе бараните реформи, тогаш сумата предвидена за неа ќе биде пренасочена кон другите земји од регионот кои посветено ја имплементираат својата реформска агенда. Целта на ваквиот модел е да се создаде еден вид натпревар меѓу државите од регионот и да се поттикнат на побрза имплементација на реформите.

Се очекува ЕК да ги одобри реформските агенди во текот на овој месец, со што првите авансни средства за земјите од регионот би биле исплатен до крајот на оваа година. Сите земји од регионот до вчера, кога беше крајниот рок за тоа, ги доставија своите предлог-реформски агенди, освен Босна и Херцеговина каде постапката за нивно одобрување е заглавена во процедуралните правила.

Кога станува збор за земјава, дипломатските извори посочуваат дека еден од нејзините главни предизвици, впрочем како и за другите држави од регионот, ќе биде справувањето со корупцијата, потенцирајќи дека ЕУ има механизми да ги заштити своите финансии од евентуални злоупотреби и коруптивни практики.

– Корупцијата е присутна. Но, ние имаме политика на нулта толеранција за корупцијата и многу строги рамки, посочија истите извори, додавајќи дека ако се појави сомнеж за корупција, ЕУ ќе ги активира своите заштитни механизми.

Но, како што посочува „Еуроњуз“, дури и ако „успешно ги исполни сите свои цели и ги искористи придобивките од Планот за раст, Скопје ќе може да напредува на својот пат кон членство во ЕУ само ако продолжи да ги поправа односите со соседна Бугарија“, имајќи пред вид дека за секој нареден чекор од пристапниот процес потребно е „зелено светло“ од сите земји членки на Унијата.

Тоа може да се покаже како предизвик. бидејќи претставници на Софија и Скопје продолжуваат да разменуваат воинствена реторика, се наведува во анализата, при што посочува и на изјавата на поранешниот бугарски премиер и актуелен претседател на Комитетот за надворешни работи на Собранието на Бугарија, Бојко Борисов дека земјава мора да „се соочи со последиците од своите постапки“.

„Еуроњуз“ наведува дека во таа војна на зборови беше вклучен и „Коридорот 8“ што треба да ги поврзе главните градови на двете земји, но и јадранскиот брег на Албанија со пристаништето Варна на брегот на Црното Море во Бугарија, притоа минувајќи преку македонска територија.

Во текстот се оценува дека кога овој Коридор ќе биде изграден, тој ќе ги вклучи Северна Македонија и Албанија во транспортната и трговската мрежа на Европа, со што буквално ќе го трасира нивниот пат кон Европската Унија, а во исто време ќе му обезбеди и стратешки воен коридор на НАТО.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.