Author: Zoran Ivanov

Останува дилемата дали Гаши ќе ја задолжи Комисијата за деловнички прашања да заседава затоа што, според Деловникот, може и да не ја свика, може да ја свика и да донесе став дека правилно го толкува Деловникот или да се свика и да се донесе став дека не го толкува правилно Деловникот.

Read More

„Исламски Ватикан среде Албанија“, така веќе неформално ја нарекоа суверената држава која, како што најави премиерот Еди Рама, ќе му биде доделена на бекташкиот верски ред во Тирана.

Read More

Позицијата на Кина во однос на решението за конфликтот во Украина и натаму е веднаш да се воспостави прекин на огнот и да се седне на преговарачка маса, како и западните земји да се воздржат од санкции и економски притисок врз една од страните во конфликтот, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Read More

Унијата може да го постигне тоа во огромни размери со издавање заеднички долг, како што беше случајот за време на пандемијата на Ковид-19 Во голема мера, земјите како Германија ќе се спротивстават на секое поголемо задолжување на ниво на целата ЕУ, бидејќи германската фискална. политиката исто така не е наклонета кон такво однесување и во самата Германија, дури и за време на кризи.

Read More

Соединетите држави ќе и испратат на Украина неодреден број касетни бомби со среден дострел, како и проектили, артилерија и оклопни возила како дел од пакетот воена помош во вкупна вредност од околу 375 милиони долари, објавија денеска американски официјални лица.

Read More

Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, изјави дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка, Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.

Read More

Она што беше најсимптоматично во настапот на Мицкоски во Брисел сепак беше фактот дека ништо од тоа за што беше поканет не беше вредно да ѝ го каже на јавноста во Македонија. Подготвуваше ли Мицкоски во Брисел алиби за гласачите кога ќе го прашаат – каде е подобрата преговарачка рамка со Бугарија? Слободанка Јовановска Мицкоски го виде Брисел, а и Брисел го виде него – е кратко кажано заклучокот од првата посета на премиерот на ЕУ од која се очекуваше многу, во смисла да открие како ќе ги продолжи преговорите за членство во Унијата и како ќе го оствари ветувањето…

Read More

Џабир Дерала: ОН без помпезност ја воведоа Декларацијата и Програмата за култура на мирот на крајот на милениумот. Тоа беше просечен ден во Њујорк. Беше понеделник, 13-ти септември 1999 година кога државите од светот претставени во Обединетите нации со консензус и без резерва, изјавија дека „мирот не е само отсуство на конфликт, туку бара и позитивно, динамичен партиципативен процес каде што се поттикнува дијалогот и се решаваат конфликтите во дух на меѓусебно разбирање и соработка“. Линк

Read More

Израел го интензивираше конфликтот на Блискиот Исток и сега се стравува дека истовремено ќе војува со повеќе непријатели на пет фронта – со Хамас, со Хезболах, со шиитските милиции поддржани од Иран во Сирија и Ирак, со Хутите од Јемен и директно со Иран. Во нападите врз Либан и Хезболах, во последните два дена беа убиени стотици луѓе, а илјадници луѓе беа повредени. Откако воените функционери прогласија нова фаза од војната, израелските сили извршија серија напади, вклучително и елиминација на висок командант на Хезболах. Либанското Министерство за здравство соопшти дека меѓу загинатите има најмалку 50 деца и 94 жени, пренесе…

Read More